5.8 C
Скопје
00:38 - 21 февруари, 2026

Препознајте ги главните симптоми поради кои доаѓа до внатрешно крварење

Кај внатрешното крвавење, количината на крв не мора секогаш да ја одразува реалната состојба на работите. Големи количини крв може да се наталожат некаде во телото, пред да се појават симтпоми или компликации. Спротивно на тоа, дури и мало крвавење на подрачјето на мозокот може да се открие со силни симптоми или дури со смртен исход.

Што може да предизвика внатрешно крвавење?
Некои од потенцијалните причини можат да бидат траума како повреда, разни видови фрактури, аневризма, нарушување на крвавењето и лекови за разредување на крвта…

Кои симптоми најчесто се појавуваат?
Важно е да запомните дека количината на крвавење не мора да одговара на симптомите, во случај на траума и рано појавување на симптомите не значи дека лицето е безбедно. Понекогаш, на пример, во случај на автомобилска несреќа, може да бидат оштетени црниот дроб или слезинката, а тоа ќе се забележи и до неколку часа по несреќата.

Симптоми што може да укажуваат на внатрешно крвавење може да бидат:

Општа слабост
При силно губење на крв, „магла“ во главата и слабост се чести симптоми. Понекогаш овој симптом ќе се појави само кога лицето ќе се обиде да стане.

Болка
Болката е чест симптом при внатрешното крвавење. Силна болка во стомакот, или силна главоболка секогаш мора да се проверат од страна на лекар. Понекогаш болката може да биде локализирана и да се појави само на местото на крвавењето. Ако се работи, на пример, за крвавење во стомакот, локацијата на болката не мора да одговара на таа локација, па често може да се појави и во рамото.

Краток здив
Чувството дека не можете потполно да вдишите воздух може да биде симптом на крвавење каде било во телото. Со губењето крв, се намалуваат крвните зрнца кои пренесуваат кислород до ткивата, па тоа може да биде причина за тешкотии со дишењето. Секако, поврзано е и со крвавењето во градниот кош, или кога насобраната крв во адбоменот ја притиска дијафрагмата и така спречува поминување на воздухот во белите дробови.

Болка во градниот кош или рамениците
Крвавењето во градниот кош може да предизвика болка во него, а крвавењето во градите или адбоменот може да предизвика болка во рамениците. Болката во градниот кош може да се појави ако крвавењето се случува во кој било дел од телото поради намалениот проток на кислород до срцето.

Трнење во рацете и нозете
Ова чувство е многу често при внатрешно крвавење и носи неколку компликации, но и објаснувања. Со губењето на крвта, телото ќе ја „забави“ циркулацијата до екстремитетите и така ќе го намали дотокот на крвта до виталните структури како мозокот и срцето. Внатрешното крвавење може да предизвика и хипервентилација и поради болката и поради обидот да се зголеми дотокот на кислородот во остатокот од телото. Токму тоа може да ги предизвика овие симптоми.

Проблеми со видот и други невролошки компликации
Промените поврзани со видот, а поврзани со „маглата“ во главата, може да бидат последица на внатрешно крвавење. Промените, како двојна слика, слабост или вкочанетост на едната страна на телото, главоболка или губење на координацијата, може да бидат симптоми за крвавење во мозокот.

Мачнина и повраќање
Мачнината и повраќањето се многу чести кога е во прашање внатрешното крвавење, и може да се појават поради губење на крвта и болката, или да бидат поврзани со дигестивниот тракт или со мозокот.

Слични објави

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо
Се вчитува....