3.8 C
Скопје
21:35 - 20 декември, 2024

Подзаборавена храна: Јадете рен за да превенирате респираторни заболувања

Ренот е растение кое за жал исклучително малку се консумира и покрај тоа што во својот состав содржи ретки соединенија кои можат многу да помогнат во лекувањето на огромен број заболуваења.
Имено, лековитите својства кои ги поседува ренот се неоспорни и од страна на нутриционистите но и од страна на лекарите. Оваа намирница помага во подобрувањето на имунитетот, го намалува високиот крвен притисок но и спречува појава на болести на коските. Сепак, овој корен најмногу се користи како еден вид на превенција против респираторни заболувања.

Не е препорачливо да го јадат дијабетичарите
Кога ќе консумирате рен, треба да имате на ум и дека тој во својот состав содржи натриум, кој не е препорачлив да се консумира доколку сте дојабетичар. Луѓето кои имаат проблеми со правилната работа на бубрезите, исто така би требало да го заобилокуваат во својата исхрана.
Добро е да знаете и дека, со редовното консумирање на ренот, вие можете значително да ја намалите телесната тежина, да спречите појава на рак, да го намалите крвниот притисок, да ја спречите појавата на остеопороза и артритис. Исто така ренот, го подобрува варењето на храната и делува антибактериски.

Помага во слабеењето
Според искуствата на многумина, со редовно внесување на ренот во телото, без многу труд и за многу кратко време, се намалуваат голем број од непосакувани килограми.
За да го постигнете сето тоа, ренот освен како дел од исхраната, можете да го консумирате и во вид на чај.
Најдобра комбинација за чај за слабеење е рен во комбинација со ѓумбир. Се што треба да направите е да сварите чај од 10 грама ѓумбир и 10 грама рен и да го испиете.
Ваквата постапка потребно е да ја практикувате двапати дневно. На тој начин за многу кратко време ќе дојдете до посакуваните резултати.
Исто така, можете да си подготвите и сирупот за слабеење од рен. За негова подготовка, потебни ќе ви бидат следните состојки: 200 грама рен, 4 лимони, 4 лажици мед, 3 лажици цимет, 50 грама ѓумбир.
Подготовката на овој сируп е многу брза и едноставна. Во блендер потребно е да ги изблендирате сите состојки. Но за смесата да биде убаво изедначена, потребно е најпрвин да ги додадете ренот и ѓумбирот. Потоа откако ќе ги изблендирате нив, во садот додадете ги и останатите состојки и повторно убаво изблендирајте. Добиената смеса префрлете ја во стаклена тегла. Пијте по една лажичка два пати на ден, пред оброк.
Овој сируп ќе ви помогне во намалувањето на килограмите но и во намалување на струкот и масните наслаги на рацете.

Спречува појава на рак
Малку е познато дека ренот во својот состав содржи специфично органско соединение, кое помага во спречување на појавата на рак. Сепак, доколку болеста веќе се има појавено, ренот помага во полесно опоравување на телото.

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....