14:55 - 5 декември, 2025

ПОДОБРЕТЕ ГО РАСПОЛОЖЕНИЕТО: Со само една шолја кафе на ден

Не можете да функционирате без да се напиете шолја кафе? Го обожувате мирисот на свежо кафе во раните утрински часови. Само една чаша топло кафе ви е доволна за да ве расположи.

Има многу љубители на кафе ширум светот. Овој вкусен пијалок смирува и расположува. Не е ни случајно што целиот свет пие кафе. Но, во последно време почнаа да се шират најразлични информации.

Едни велат дека кафето е лошо за забите, предизвикува несоница или ги прави луѓето нервозни. Но, многубројни истражувања докажаа дека кафето е одлично за здравјето.

Позитивни својства на кафето

Кафето е добро по здравјето, но само ако се пие како што треба.

Полно е со антиоксиданти

Кафето содржи многу повеќе антиоксиданти од овошјето и зеленчукот. Затоа многу луѓе се чувствуваат посреќно и исполнето веднаш штом ќе ја пробаат првата голтка кафе.

Помага при согорување на калории

Сѐ додека избегнувате шлаг и шеќер, кафето може да ви помогне да ги согорите мастите. Не само тоа туку и ќе ви помогне да си одржувате здрава тежина. Поради тоа што кафето го забрзува вашиот метаболизам, може да ви помогне и да загубите некој килограм.

Добро е против депресија

Многу истражувања докажаа дека кафето ги расположува луѓето, особено жените. Жените секој месец се соочуваат со менструални болки кои им го расипуваат денот. Но, кафето може да помогне да им го подобри расположението без разлика со што се соочуваат.

Со други зборови, пиењето кафе има шанса да го намали ризикот од депресија. Луѓето кои не пијат кафе, немаат таков пијалок кој веднаш ќе ги расположи.

Го намалува ризикот од тип 2 дијабетис

Ваквиот тип на дијабетис е сериозен проблем. Луѓето кои пијат кафе без шеќер му помагаат на телото да го намали ризикот од ваквото заболување.

Како да пиете кафе кое ќе ви помогне, а не одмогне?

Кафето на секој различно влијае. Доколку сакате да бидете сигурни дека кафето не ви штети на вас, треба да ги запазите следните состојки.

  • Премногу шеќери, шлаг и сируп. Кафето кое содржи дупло шеќер, шлаг или млеко со многу масти, може да биде штетно по вашето здравје. Особено ако сте дијабетичари. Препорачливо е да избегнувате такви кафиња ако можете.
  • Сѐ си има лимит. Се препорачуваат да се пијат максимум 3 шољи кафе на ден. Но, кофеинот може на секој различно да влијае. Доколку често се соочувате со стресни ситуации или ве боли стомакот од пиењето кафе, намалете.

Слични објави

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо
Се вчитува....