06:18 - 12 јули, 2026

Ова се 10 НАЈЗДРАВИ НАМИРНИЦИ кои се прогласени за СУПЕРХРАНА за 2022 година

Стручниот магазин Today’s dietitian, во соработка со 1.173 сертифицирани диететичари и нутриционисти спроведе студија за овогодинешните трендови во исхраната. Објавена е листа на 10 најздрави намирници во 2022 година, при што фокусот е ставен на храната од растително потекло со широк спектар на нутритивни предности.

„Со растечката популарност на исхраната базирана на билки и фокусот на здравјето и имунитетот, алтернативите богати со хранливи материи ќе бидат клучен елемент во исхраната на потрошувачите кои сè почесто ја гледаат храната како лек за избегнување болести“, рекла Луиза Полок, една од авторките на студијата.

Листа на 10 супернамирници:

Ферментирана храна

Ферментираната храна како јогурт и кимчи (корејска лута зелка) се наоѓаат на врвот на листата, и тоа благодарение на својствата кои го зајакнуваат имунитетот и го поттикнуваат здравјето на цревата. Исхраната богата со ферментирана храна ја зголемува разновидноста на микробиомот на цревата и ги подобрува имунолошките реакции, велат истражувачите од Медицинскиот факултет на Стенфорд.

Боровинки

Ова овошје е мало, но има многу придобивки! Тие се богати со антиоксиданти, кои помагаат во заштитата на клетките од слободните радикали и можат да го намалат ризикот од рак, срцеви и други болести. Антиоксидантите се, исто така, неопходни за поцврста коса, нокти и сјајна кожа.

Егзотично овошје

Стандардните овошја како јаболка и портокали се секогаш добредојдени, но 2022 година ќе биде година на егзотичното овошје како што се асаи бобинки и перуански јагоди. Асаи бобинките имаат висока содржина на антиоксиданти, кои помагаат во намалување на холестеролот и го штитат мозокот од оштетување предизвикано од стареењето.

Семки

Семките како што се чиа семето или семето од коноп се намирници со голема хранлива моќ. Чиа семето е полно со антиоксиданти, минерали, влакна и омега-3 масни киселини, како и со калциум, фосфор и магнезиум.

Зелен чај

Овој пијалак Јапонците го консумираат илјадници години и тоа со добра причина! Истражувањата покажуваат дека зелениот чај има антивоспалителни својства и својства кои го зајакнуваат имунолошкиот систем, но и ги согоруваат мастите и го забрзуваат метаболизмот.

Јаткасти плодови

Јаткастите плодови се одличен извор на протеини и влакна. Ф’стаците, на пример, имаат висока содржина на антиоксиданти, а некои студии покажале дека тие можат да го подобрат видот и превентивно да делуваат на срцевите заболувања.

Лиснат зеленчук

Лиснатиот, зелен зеленчук како зелката и спанаќот дефинитивно заслужуваат место во вашата исхрана! Тие содржат многу протеини и флавоноиди, кои помагаат во заштитата од оштетување од слободните радикали и разните воспалителни процеси. Спанаќот е богат и со витамините А и Ц, а научно е докажано дека помага во намалување на крвниот притисок и го намалува ризикот од срцеви заболувања.

Кељ

Кељот, кој исто така припаѓа на зелениот, лиснат зеленчук, го заслужи своето место на листата поради бројните хранливи придобивки. Кељот, како и спанаќот, е богат со протеини и флавоноиди, а изобилува и со витамините А, К и Ц и е добар извор на влакна.

Древни житни култури

Овој термин се однесува на сите оние житарки кои не се промениле илјадници години, како што се киноа, амарант, тефа, фаро житарките… Киноата е секако најпопуларната житарка од овој тип, а има висока содржина на влакна, витамини Б6 и Ц и ги содржи сите девет есенцијални аминокиселини!

Авокадо

Авокадото е богато со антиоксиданти, но и со други хранливи материи кои помагаат кај холестеролот, негата на кожата, здравјето на очите, густината на коските и содржи масти кои се здрави за срцето.

Слични објави

Алка Вујица сподели фотографија од нејзиниот базен и со духовит коментар ги насмеа фановите

Т.Ц.

Драгана Катиќ се огласи од козметички салон и откри како го одржува младешкиот изглед

Т.Ц.

Се сеќавате на Дин од Евровизија? Сега е во љубов со Американец и вели дека е „темел на неговиот живот“

Еспресо

(Фото) Оливера Балашевиќ во дрес на Аргентина го следеше Светското првенство со внукот во раце: „Фудбал и ние двајца“

Еспресо

Барате сандали што го дефинираат летниот стил? Новата понуда ве очекува во „Chantel“ во ГТЦ

Еспресо

(Фото) Лепа Брена ужива во луксузен одмор, а нејзиниот изглед повторно привлече внимание

Еспресо
Се вчитува....