01:33 - 9 април, 2026

Луѓето без симптоми на коронавирусот се 42 отсто помалку заразни

Асимптоматските случаи на коронавирус сè уште се енигма за научниците, но универзитетот во Австралискиот Голд Коуст, во поширокиот регион на Бризбејн, заклучи дека луѓето без симптоми имаат 42 отсто помали шанси да го пренесат ковид-19.

Според студијата предводена од Ојунгерел Бјамбасурен, истражувач од Универзитетот „Бонд“ во Голд Коуст, луѓето кои имаат коронавирус, но немаат симптоми, имаат значително помала веројатност да ја пренесат заразата на друго лице.

Во анализа која опфатила 13 студии и 21.708 случаи, пресметано е дека 17 отсто од пациентите немаат никакви симптоми на ковид-19, додека во некои претходни студии беше споменато дека оваа бројка може да достигне до 81 отсто, објави веб-страницата nature.com.

Истражувачки тим од Женева, Швајцарија, се обиде да утврди колкава е заразноста меѓу луѓето што живеат во едно домаќинство.

Нивниот заклучок е дека лице без симптоми, кое е позитивно на ковид-19, има една четвртина помалку шанси да го пренесе коронавирусот во споредба со лице што има симптоми.

– Ако асимптоматските случаи навистина слабо го пренесуваат ковид-19, тогаш тие не се никакви тајни преносители на вирусот. Тие не кашлаат, не киваат и веројатно не оставаат патогени на разни површини, како што тоа можат да го направат пациентите со симптоми – рекол Бјамбасурен.

Слични објави

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо
Се вчитува....