8.8 C
Скопје
04:57 - 29 март, 2025

Како да ги согорите најкалоричните производи? Крофните ќе ги „истопите“ со 45-минутно возење велосипед

На топ листата на производи чија калориска вредност неретко ја потценуваме се наоѓаат крофните, помфритот, поедини видови сирење, кексите, како и кафето со млеко. На пример, во 100 г крофни, без преливи од чоколада или ванила, има 430 калории, а во 100 г лиснато тесто дури 520. Според податоците на потрошувачка на калориите, за согорување на една крофна и лиснато печиво би требало еден час да боксувате и уште еден час да возите велосипед.

Во шолја кафе со полномасно млеко има 258 калории, исто колку и еден ред чоколада. За нивно согорување потребни се 35 минути енергично одење. Иако содржи протеини и калциум, ова кафе заменете го со капучино со немасно млеко бидејќи истата количина содржи само 82 калории.

Ако играте 60 минути фудбал ќе ги согорите сите кекси што сте ги изеле. Покрај кафето по ручекот често се честиме и со кекси, а не сме свесни дека во 100 г слатки како што се наполитанките има 550 калории. Кексот заменете го со овошје, портокал или јаболко.

Со 180 минути тенис ќе исчезнат калориите од слатките. Омилените слатки содржат многу шеќер, а за да се изборите со нив можете да го практикувате и сѐ попопуларниот танц зумба. Крофните ќе ги истопите со 45-минутно возење велосипед со брзина од 20 километри на час.

И сирењето се наоѓа на листата на производи кои во себе кријат многу калории. Во само 100 г од некои видови сирење има 400 калории. Против нив е потребен 35-минутен тренинг на статичен велосипед, а за подобри резултати зголемете го интензитетот.

За еден чизбургер (сендвич со плескавица и кашкавал) ви се потребни еден час бокс и плус уште толку пливање. Наместо чизбургер кој има 890 калории, направете сендвич од интегрално печиво и туна со додаток на зелена салата или домати. Порција маринирано пилешко месо содржи меѓу 1.230 и 1.730 калории. За да ги истопите, би требало да трчате еден час и 15 минути со брзина од 12 км/час.

Ако сте љубител на пржениот компир тогаш можете да имате вистински проблеми со тежината. Порција со 200 г помфрит има 500 калории, а за да ги согорите би требало да скијате 45 минути. Наместо тоа, пржениот заменете го со порција варен млад компир.

Шпагетите карбонара се приготвуваат со калоричен прелив од павлака, сланина и јајца, па една просечна порција од 250 г има околу 400 калории. За да ја согорите, би требало 50 минути лизгање или да возите ролерки. Затоа, за ручек или за вечера сварете моркови во сос од домати со рендано сирење и ќе бидете и сити и вити.

Слични објави

На Вики Миљковиќ ѝ почина братот, Цеца не се одвојува од пријателката на која ѝ е и кума

Еспресо

(Фото) Војаж раскина со девојката и објави шокантна фотографија: Раперот конечно се изјасни за згодната бринета!

Еспресо

(Фото) По 18 години се вратија во „Гранд“, само Милан Станковиќ не дојде: Вака ќе му оддадат почит на Саша Поповиќ во „Ѕвездите на Гранд“

Еспресо

„Ми го земаат телефонот кога пијам“: Наташа Беквалац откри каква е кога ќе претера со алкохолот

Еспресо

(Фото) „Сега да ми се тргнете од патот“: Марија Шерифовиќ ги спакува куферите, отиде на одмор

apostolova

Жерар Депрадје ќе ја дознае пресудата во мај: Овинителството бара 18-месечна условна казна за актерот

Еспресо
Се вчитува....