00:29 - 3 април, 2026

Американска студија: Вакцините на „Синофарм“ се безбедни и ефикасни

Двете вакцини против коронавирус на кинеската компанија „Синофарм“ се безбедни и ефикасни, покажува студијата објавена во медицинското списание на Американското лекарско здружение.

Научниците чекале повеќе детали за овие две вакцини, иако тие веќе се користат во многу земји, а едната од нив неодамна доби зелено светло од Светската здравствена организација за итна употреба, пренесува АП.

Во извештајот е заклучено дека вакцините се ефикасни околу 73, односно 78 отсто, како што претходно тврдеше „Синофарм“.

Вакцините направени од инактивирани вируси веќе им се дадени на милиони луѓе во светот.
СЗО на почетокот на мај ја одобри вакцината на Институтот за биолошки производи во Пекинг, со што стана првата кинеска вакцина што го добила сертификатот.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....