10:05 - 7 април, 2026

Ѕвездата од „Игра на тронови“ се разведува од фронтменот на „Џонас брадерс“

Актерката Софи Тарнер, која се прослави со улогата на Санса Старк во серијата „Игра на тронови“, се разведува од музичарот Џо Џонас.

Според TMZ, Џо веќе контактирал со најмалку двајца адвокати во Лос Анџелес и наскоро ќе поднесе документи за развод.

Според извор близок до парот, двајцата имале проблеми во бракот веќе шест месеци, иако се обидувале тоа да го скријат од јавноста. Џонас во последните три месеци се грижел за нивните две деца, дури и додека бил на турнеја со бендот, а децата се уште се со него во Америка, бидејќи тој моментално настапува таму.

Споменатиот медиум пишува и дека пејачот последните недели во јавноста се појавува без бурма, како и дека со Софи неодамна ја продале вилата во Мајами која ја купиле пред само една година.

За потсетување, двајцата се во врска од 2016 година, а се венчаа во 2019 година. Ќерката Вила ја добија во 2020 година, а две години подоцна добија уште една ќерка.

Слични објави

(Фото) Братот на Мина Наумовиќ е сон на многу жени

E.A.

(Фото) Отакако се омажи, Дани Димитровска го смени животниот стил

msp-admin

Хороскоп за 7 април: Раковите носат важна одлука од срце, Водолиите прават чекор кон слобода

Еспресо

Дара Бубамара за хејтерите: „Не смеат да ти кажат во лице, па зборуваат зад грб“

Еспресо

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.
Се вчитува....