Здравко Чолиќ, еден од најпопуларните пејачи на територијата на поранешна Југославија, денеска полни 73 години, иако никој не би поверувал, благодарение на неговата енергија и виталност. Многу луѓе сакаат да стигнат до тајната на вечната младост на овој шармантен музичар.
Тој е на сцената со децении, но успева да го држи приватниот живот подалеку од очите на јавноста. Тој и неговата сопруга се во брак 20 години и имаат две прекрасни ќерки. Бидејќи и самата е многу посветена на својата работа, како професор по географија, ретко ја гледаме на собири и настани на кои се појавува Чола. Иако нема ништо против, пејачот не смета дека заедничките доаѓања на собири се од големо значење.
„Навистина не ми пречи, но не гледам причина зошто да биде поинаку. Се разбира, кога се во прашање некои важни манифестации, таа со задоволство доаѓа, но појавувањето само заради фотографирање никогаш не ѝ било привлечно. Јас не го гледам тоа како нешто необично. Навистина немам ништо против доколку неа не ѝ пречи, но никогаш не ѝ било важно “, изјави пејачот во една прилика за хрватското издание на магазинот „Глорија“.
Александра е професор по географија и со години е безусловна поддржувачка на пејачот. Се венчаа на 1 мај, а како што еднаш кажа Чола, речиси сите мислеле дека е скриена камера, бидејќи отишле на традиционалната свадбена церемонија. Зборувајќи за таа „изненадувачка одлука“, пејачот истакна дека најважно за љубовната врска е меѓусебното почитување и пријателството.
Сите се прашуваа како тој ја избра Александра во морето од женски обожаватели и со што го освои.
“Секој маж сака некој да се грижи за него. Мислам дека тоа беше пресудно. Одамна се запознавме во Макарска, Александра студираше во Белград, продолживме да се гледаме, со текот на времето почнавме да се забавуваме. Таа ме освои со нејзината едноставност и ми се посвети, мисли за мене, се грижи за мене… Човек некако препознава личност што би сакал повторно да ја види, доловува емоција која без зборови кажува дека се грижи за него. Тоа не можам да го објаснам бидејќи пред себе можеш да ја имаш најубавата и најпаметната жена и едвај да чекаш да си замине. Вишата сила одредува зошто некои луѓе се заедно, а други не. Аурата на Сандра и мојата се препознаа, тоа веројатно беше доволно за да влезе во нова димензија“, изјавил Чолиќ.