18.8 C
Скопје
16:39 - 15 март, 2026

Загина синот на позната босанска пејачка во тешка сообраќајка со автобус

Синот на познатата босанска пејачка Лејла Шабиќ, Амар (27), загина во сообраќајна несреќа што се случи во петокот на 27 октомври во Тузла.

Амар, син на популарната пејачка, попозната како Лејла Леки, бил возач на автобус, а околностите под кои загинал сè уште не се познати.

Пејачката во оваа прилика се огласи на Фејсбук каде ја отстрани фотографијата на профилот и ја замени само со црна позадина и го објави некрологот на својот син.

Во коментарите под објавата се редат пораки со сочувство, а се огласи и нејзината снаа, односно сопругата на настраданиот Амар.

„Душо моја, зошто ме остави“, напиша таа на Инстаграм со емотикони бел гулаб и скршено срце.

Според нивните обичаи тој денеска, 30 октомври, ќе биде испратен во вечното почивалиште.

Инаку, на 27 октомври, околу 16,50 часот, во Полициската станица Запад од Медицинскиот центар Тузла било пријавено дека во Ул. Никола Тесла, кој ги поврзува јужната и северната сообраќајница, се случила сообраќајна незгода во која учествувал автобус на јавниот превозник ГИПС д.д. Тузла.

На местото на настанот веднаш биле упатени полициски службеници, а лекарот констатирал смрт на возачот на автобусот А. Ш. (1996) од Тузла.

 

Слични објави

Овие 5 хороскопски знаци имаат највисока емоционална интелигенција

Еспресо

Почина таткото на Спасен Силјановски, пејачот скршен од болка

Еспресо

Куќа на планина и два стана во Белград: Недвижностите на Гога Секулиќ вредат над 600.000 евра!

Еспресо

Драма на концертот на Јаков Јозиновиќ во Нови Сад: На едно девојче ѝ се слошило, обезбедувањето веднаш реагирало

Еспресо

Хороскоп за 15 март: Девиците треба трпеливо да ја чекаат својата шанса со саканиот

Еспресо

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.
Се вчитува....