11.8 C
Скопје
15:40 - 17 ноември, 2024

Зад суровоста на најарогантната прва дама се крие длабока траума: Народот ѝ умирал од глад, а таа носела чевли од милион долари!

На неодамнешните претседателски избори на Филипините победи Фердинанд „Бонгбонг“ Маркос, син на истоимениот покоен диктатор, а големата прослава се одржала во домот на неговата мајка Имелда Маркос, попозната како најарогантната прва дама во историјата.

Неколку децении откако побегнала од Филипините со торби и кутии полни со накит, злато и пари, денес 92-годишната Имелда конечно ја постигна својата главна амбиција – нејзиниот сакан син победи на изборите.

Новоизбраниот претседател ја опиша својата мајка како врвна политичарка во семејството која има многу големо влијание. Позната по своето неумерено трошење, Имелда ја симболизира алчноста на диктатурата на нејзиниот покоен сопруг, која заврши во 1986 година, откако беше соборен од власт.

Се проценува дека за време на неговото брутално и корумпирано 20-годишно владеење, од државната каса биле украдени 10 милијарди долари, што ја довела земјата до голема сиромаштија.

Имелда во тоа време била сметана за неописливо убава жена, можеби и најубава, со огромна доза на шарм, но нејзината себичност уништувала се што било убаво однадвор, а таа станувала сè посурова. Таа беше прва дама на Филипините речиси 21 година, во периодот од 1965 до 1986 година, а остана запаметена по нејзината невидена екстраваганција. Додека луѓето гладувале и молеле за леб, Имелда носела чевли вредни дури милион и пол долари.

Имелда во 2018 година беше осудена на затворска казна за проневера на приближно 200 милиони преку швајцарските фондации, но била ослободена од казната бидејќи платила кауција.

Револуција без крв

Многумина сè уште се сеќаваат на филипинската „револуција без крв“, кога претседателскиот пар побегна со трите деца на Хаваите, каде што Фердинанд почина три години подоцна.

Во тоа време во претседателската палата биле пронајдени 1.060 пара чевли на Имелда, 15 бунди, 508 свечени фустани и илјада чанти. Но, ова не кажува доволно за нејзината зависност од високите потпетици. Имелда носела се што било во тренд, а вкупно за време на нејзиното владеење купила повеќе од три илјади пара чевли.

Всушност, направена е пресметка која вели дека ако носела различен пар чевли секој ден, ќе и биле потребни осум години да ги облече сите што ги имала во плакарот, а интересно е што во 2001 година во Манила бил отворен музеј на нејзините чевли.

Имелда постојано трошела државни пари за се што е поврзано со убавината, а интересен е фактот што на пример купувала парфеми во огромни шишиња. Била опседната со својот изглед, гардероба, накит, а се зборува дека спиела во барска столица за да не си ја расипе фризурата. И сето тоа додека народот на Филипините плачел од глад, молел за леб и живеел во сиромаштија.

Зад суровоста и алчноста на Имелда се криеле длабоки трауми од нејзиното детство, време кога таа била мало девојче кое растело во мала гаража со бетонски под. Била убава и мила, но боса, немала ниту еден пар чевли. Еден пријател на крајот се сожалил и ѝ купил чевли, а таа никогаш не го заборавила тој ден.

 

Слични објави

(Видео) Лепа Брена се „скрши“ на концерот во родниот град: Пејачката во солзи, ѝ носеа вода, а брзата помош беше на готовност

Еспресо

(Видео) Српската пејачка шокирана: Богат шеик ѝ приредил изненадување на концертот на Цеца во Дубаи!

Еспресо

(Видео) Познатиот босански актер доживеал драма, завршил во полиција во Австрија

Еспресо

Хороскоп за 17 ноември: Овните ќе имаат интригантна љубовна ситуација, Скорпиите да внимаваат на некои документи

Еспресо

(Видео) „Ќе бидам со тебе до крајот на мојот живот“: Анастасија Ражнатовиќ со емотивна објава за роденденот на Гудељ

Еспресо

Ќе се шокирате кога ќе дознаете што е Дарко Лазиќ по професија

Еспресо
Се вчитува....