7.8 C
Скопје
01:48 - 24 март, 2026

За 10 IQ поени понеинтелигентни после прележан Ковид? ДА! ТВРДИ НОВА СТУДИЈА КОЈА НОСИ ФРАПАНТНИ ОТКРИТИЈА

Unsplash

Да изгубите до 10 IQ поени за шест месеци по инфекцијата со Ковид? Да, тоа може да се случи. Ова е откриено со новата студија спроведена на Универзитетот во Кембриџ и објавена во стручното списание New Scientist.

Прележаниот Ковидот-19 ни носи когнитивното опаѓање на неколку начини, но и оштетување на мозокот поради вишок на имунолошка реакција, и затоа што инфекцијата предизвикува микро хеморагии или микро исхемии во различни нервни области.Студиите го истражуваат времетраењето на овие можни оштетувања. Загубата на интелегенцијата за која зборуваме е еднаква на когнитивниот пад што се среќава на лица, во просек, од 50 до 70 години, а останува да се докаже колку е тоа трајно и каква е отпорноста на пациентот.

Експертите ги споредија резултатите од неколку когнитивни тестови извршени шест месеци по инфекцијата на 46 пациенти хоспитализирани поради Ковид19, споредувајќи ги со когнитивните тестови на контролната популација (66 илјади лица) и, од оваа студија, кај пациенти излечени од Ковид,  се појавило намалувањето во однос на брзината на обработка на информациите, намалувањето на вештините за разбирање на јазикот и други когнитивни недостатоци.

Претходните студии веќе покажаа дека Ковид влијае на намалување на способноста за одржување на вниманието, работната меморија и на способноста за решавање проблеми.

„Само во Англија, 40.000 луѓе биле на интензивна нега поради Ковид, можете да замислите што значи во однос на когнитивните дефицити по прележан Ковид на голем број луѓе ширум светот и како тоа може да влијае“, рече Адам Хемпшир од Империал колеџ во Лондон, кој водел слична студија (објавена во списанието EClinicalMedicine), во која биле вклучени над 80.000 поединци и истакнува различни когнитивни дефицити кај оние кои се опоравиле од Ковид, во споредба со врсниците во контролната група.

Слични објави

„Не седев дома, бидејќи имам дете кое доцни во говорот“: Гога Секулиќ откри низ што поминува по смртта на мајка си

apostolova

(Фото+видео) Сенида направи трансформација на изгледот: Пејачката ги искомбинира русите прамени со драматичен црн аутфит

Еспресо

„Најдлабоките мисли ми се…“ Каспер откри детали од интимата со Мина Костиќ

E.A.

Луксуз или претерување? Речиси 18 милиони евра на една фотографија на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез

Еспресо

Дара Бубамара нема да ја гледаме во жирито на Ѕвездите на Гранд: Откриено е кој ќе ја замени

E.A.

Дара Бубамара првпат нема да биде дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“: Откриено кој ќе ја замени 

Еспресо
Се вчитува....