11:37 - 8 април, 2026

(Видео) Вознемирувачко: Во Кина црви и лигави бубачки паѓаат од небо!

Кинеските власти допрва треба да ја откријат причината за овој чуден феномен, а на интернет кружат различни теории.

Збунетите жители на Пекинг се предупредени да користат чадори откако во главниот град на Кина почна да врне необичен дожд.

Во последните денови, снимката стана вирална на социјалните мрежи на која се гледа „дожд од црви“ на улиците на главниот град, со лигави бубачки кои ги покриваат автомобилите.

Ел Хералдо објави дека на жителите на Пекинг им било кажано да ги напуштат своите домови само со чадори.

На снимките од вестите, жителите може да се видат како ја извршуваат својата секојдневна работа со подигнати чадори за да не бидат погодени од црвите што паѓаат.

И додека кинеските власти допрва треба да ја откријат причината зад овој чуден феномен, теориите почнаа да се појавуваат на интернет.

Некои сугерираат дека тоа би можело да се цветови од топола, многу популарно дрво во областа што е полно со семиња и, кога цветовите паѓаат, често се мешаат со изгледот на гасеници.

Друга теорија сугерира дека црви почнале да паѓаат откако биле разнесени од силни ветрови, теорија поддржана од научното списание Mother Nature Network, кое објаснува дека овој вид на животински инцидент се случува по бура.

„Крајот на светот е се поблиску“, вели еден корисник на Твитер.

Во 2011 година сличен феномен се случи и во Шкотска. Наставникот по физичко образование, Дејвид Крајтон, ги водел учениците кога слушнале „туп“, а потоа погледнале нагоре за да видат десетици црви како паѓаат од небото.

 

Слични објави

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin

(Фото) Среќна баба: Кате од „Нели ти реков“ ги покажа внуките

apostolova

Хороскоп за 8 април: Близнаците носат одлука што менува тек, Девиците конечно се ослободуваат од дилема

apostolova

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо
Се вчитува....