06:39 - 3 април, 2026

„Вознемирена земја“ на македонската режисерка Кумјана Новакова се квалификува за „Оскар“ за документарен филм

„Вознемирена земја е рефлексија и оддава почит на одлучната истрајност на човечкиот дух и неговиот капацитет да ги издржи и преживее и најстрашните околности“, се наведува во рецензијата на „Скрин Дејли”.

„Вознемирена земја“ кој е во македонска копродукција се квалификува за „Оскар“ со освојувањето на Големата награда (Grand Prize) на 14. издание на фестивалот на документарен ДМЗ Докс (DMZ Docs), информира режисераката Новакова.

Освојувањето на наградата на ДМЗ Докс беше проследено и со втората извонредна рецензија во едно од најпрестижните филмски списанија на светот „Скрин Дејли”.

„Вознемирена земја“ на Кумјана Новакова во корежија со Гиљермо Карерас-Канди, е во шпанско-босанска-македонска копродукција.

По премиерата во официјалната селекција во Сараево, филмот беше дел од официјалната програма на некои од најреномираните интернационални филмски фестивали во светот. Филмот го доби и специјалното признание „Кромид“ во главната програма за најдобар интернационален долгометражен креативен документарен филм на овогодинешниот МакеДокс, а беше номиниран и за најдобар источноевропски долгометражен документарен филм од Институтот за документарен филм во Прага.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....