6.8 C
Скопје
05:06 - 23 март, 2026

Водителот Милан Милошевиќ ја откри вистината за Мелина Џиновиќ: „Нема богат свршеник, во врска е со женет маж“

Водителот Милан Милошевиќ изјави дека е лага се што се зборува за Мелина Џиновиќ и тоа дека ја верил богат бизнисмен, бидејќи встината е дека таа е во врска со оженет маж.
Пред неколку дена, како бомба во медиумите одекна веста дека Мелина Џиновиќ во Монако се верила со 25 години постар маж, кој пред само четири месеци добил дете со друга жена.

Водителот Милан Милошевиќ остро ја прокоментира Мелина и тогаш изјави дека таа нема богат свршеник, туку вистината е сосема поинаква.

– Остави ме со тие приказни, мислам дека тука многу работи се прикриваат, се зборуваат работи што немаат врска со реалноста. Слушнав дека нема богат свршеник, туку љубовник кој е оженет. Мислам дека некои работи се премолчуваат, а Харис е збунет, не знае дали да зборува за Мелина или за ќерката – изјави водителот.

Тој се осврна и на турбулентната и полна со скандали врска меѓу Ана Николиќ и композиторот Горан Ратковиќ Рале.

– Ана, да беше во Холивуд, ќе беше милијардерка – никој не би можел да ѝ пријде. Таа го „дигна“ целиот Дубаи на нозе, ја исфрлија од авион вакво нешто нема никаде во светот. Сè повеќе ја сакаат токму поради тие скандали – таа е природна и отворено сè покажува. Сите ја обожаваат Ана Николиќ, а Рале, ако навистина ја сакаше, немаше вака да се однесува. Ана заслужува многу подобар маж и некој што ќе ја врати на вистинскиот пат. Што и да отпее, станува хит, таа е ѕвезда по американски стандарди – изјави Милан во емисијата „Премиера Викенд“.

Слични објави

Кралицата Камила се почести со „нови“ веѓи, ги платила 1700 евра

Еспресо

„Не е во нивна сопственост“: Ана Николиќ и Рале се иселиле од куќата на Авала, еве каде живеат сега

Еспресо

Гвинет Палтроу за ноќта на Оскарите: Не можев да одам во тоалет, мораа да ме „зашијат“ во фустанот

Еспресо

„Сакам постари, ама не баш толку“: Коментарот на Јаков Јозиновиќ за Наташа Беквалац стана хит

Еспресо

Како да ги освежите лалињата во вазна? Градинарка откри добар трик, откако тестирала три методи

Еспресо

Астросовети за секој хороскопски знак за неделата што следи – дали ѕвездите се на ваша страна?

Еспресо
Се вчитува....