7.8 C
Скопје
09:14 - 31 март, 2026

Во Киев е целосно обновенo водоснабдувањето: Вода има, струја сè уште целосно нема!

Во исто време, во градот продолжуваат периодичните прекини на струја поради недостиг во енергетскиот систем.

Во Киев целосно е обновен водоснабдувањето на становите на локалните жители.

Ова го објави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на социјалната мрежа Фејсбук.

„Водоснабдувањето во домовите на жителите на Киев е целосно обновено“, рече Кличко.

Тој им се заблагодари на експертите на „Киевводоканал“ и ДТЕК, кои речиси еден ден работеа на враќање на водата и струјата на жителите на главниот град на Укрина.

Во Киев се работи и на обновување на снабдувањето со енергија. Но исклучувањето се применува бидејќи дефицитот во енергетскиот систем по руските напади е значителен, како што соопшти градоначалникот.

На 31 октомври, руските трупи извршија уште еден масивен ракетен напад на територијата на Украина – според украинските медиуми, испукаа 50 проектили, додека пак, украинските единици за воздушна одбрана уништија 45 руски крстаречки ракети во различни правци.

Неколку проектили погодија критични инфраструктурни објекти во неколку региони на Украина.

Особено енергетската инфраструктура во регионот на Киев беше оштетена поради гранатирање, поради што 80% од потрошувачите во главниот град останаа без водоснабдување, а 350.000 домови на жители на Киев останаа без струја.

 

 

 

Слични објави

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova
Се вчитува....