6.8 C
Скопје
08:44 - 1 април, 2026

(ФОТО) Во 2025 година на летување во вселената! Првиот вселенски хотел ќе биде отворен за 5 години

Компанијата Orbital Assembly ги објави своите планови за изградба на две вселенски станици кои ќе содржат и простор за сместување на туристи. Изградбата веројатно ќе чини неколку милијарди долари, а станицата Pioneer треба да започне со работа во 2025 година и ќе може да прими 28 посетители, додека малку поголемата Vojager станица треба да ги отвори вратите за посетители во 2027 година и да прими 400 луѓе.

orbitalassembly

„Нашата визија е да го направиме универзумот дестинација што луѓето ќе сакаат да ја посетат, притоа задржувајќи ги познатите елементи како што е гравитацијата“, рече шефот на Orbital Assembly, Тим Алаторе во соопштението за печатот.

Тој објасни дека станиците се замислени како хибридни, односно ќе се ужива, но и ќе се работи.

orbitalassembly

Од компанијата најавуваат дека станиците ќе имаат вештачка гравитација која би им овозможила на гостите нормално да се движат, технологија која сѐ уште не постои на сегашните вселенски станици.

„Успеавме да развиеме безбедна и стабилна модуларна станица која ќе генерира приходи и ќе биде профитабилна побрзо од нашите конкуренти кои се прилагодуваат на распоредот на НАСА“, се вели во соопштението за печатот на OAC.

orbitalassembly

„Кога луѓето ќе се навикнат на вселената, тоа ќе ја промени нивната перспектива на Земјата. Вселенското патување е сè уште во зародиш и се надеваме дека ќе дадеме се од себе“, рече Алаторе.

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....