5.8 C
Скопје
08:07 - 21 февруари, 2026

(Видео) Весна Бејби за Тоше: „После долги години ги видов твоите, мајка ти ја има онаа насмевка која многу е твоја“

Македонската актерка Весна Петрушевска – Бејби и музичката легенда Тоше Проески имаа посебна пријателска врска, која ја негуваа од самите почетоци на кариерата на нашиот непрежален „славеј од Крушево“.

На годишнината од неговото раѓање, таа му посвети емотивна објава на својот инстаграм-профил.

„Уметноста без љубов е ништо. Ти беше љубов во секој здив, во секој поглед, во секое шушкање на ветрот. Таа твоја љубов ја остави како аманет, како зрно, како светлина.

После долги години, ги видов твоите. Собрав храброст и појдов. Сѐ мириса на тебе. Онаа десна врата од собата каде се смеевме сега е полна со твои слики и има многу топлина. Мајке сѐ уште ја прави најубавата баклава на светот, тато Никола го има твојот свет во очите, а кога ги гледав дланките на Кристијан тоа беа твоите дланки – исти.

Однесов за тебе, за душа, за роденденот. Ти знаеш дека се гледаме три-четирипати годишно насамо и бегам назад. Сега срцето – грутка.

Мама и тато ти се крепат и се многу достоинствени. Непребол. Мајке ја има онаа насмевка која многу е твоја. Ми вели: ‘Седумнаеста тераме’.

На влезот има една огромна фотографија од тебе и Дори. Таму сте најубави.

Од секаде грееш, од секое ќоше шепкаш нешто како знаеше само ти. Ми недостасува тоа шепотење и кикотење за на крај да прерасне во едно гласно смеење.

Денеска е денот на твоето раѓање. 43.

Те сакам до небото и назад“, напиша Петрушевска.

Слични објави

Хороскоп за 21 февруари: Раковите треба да ги споделат чувствата, Стрелците ќе размислуваат за нови идеи

Еспресо

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо
Се вчитува....