21:55 - 2 април, 2026

(Видео) Теа Таировиќ го смени текстот на песната „Израел и Палестина“: Никогаш повеќе нема да ја пеам така!

Српската пејачка Теа Таировиќ гостувајќи во подкаст истакна дека засекогаш го сменила текстот на сега веќе големиот хит, кој го носи името „Израел и Палестина“.

Досега, инаку, песната започнуваше со зборовите: „Mi od plina i benzina, Izrael i Palestina, jedne noći voliš me, druge noći mrziš me…”

Поради страшните случувања во Израел и Појасот Газа, меѓутоа, таа одлучила засекогаш да престане така да ја пее.

– Во случај тоа некого да повредува, јас го сменив текстот на песната – изјавила таа во „Петкаст“.

Ова, според понатамошните написи на српски „Телеграф“, нема да биде само привремено, туку трајно решение.

Да потсетиме, Теа неодамна на еден настап наместо „Израел и Палестина“ пеела „Шпанија и Аргентина“. И на социјалните мрежи, тоа тогаш предизвика вистински хаос.

 

 

 

 

Слични објави

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.

(Видео) Сама напиша преку 200 песни и режираше спот: Викторија Ефтимова со нов сингл, „Идеали“

apostolova

Ова сигурно не го знаевте! Бајага напишал голем хит за Весна Змијанац

Еспресо
Се вчитува....