10.8 C
Скопје
12:11 - 18 март, 2026

(Видео) На настап на Северина, маж истрча на бината и ѝ се фрли на колена: Мислев дека ме касна куче

Северина Вучковиќ ја пеела „Моја штикла“ овој петок во словенечкиот Шемпетер кај Горица, кога маж влетал на сцената и клекнал покрај неа. Необичната глетка ја изненадила публиката, но и пејачката која на почетокот не била сигурна што се случува.

“Мислев дека ја запроси! Бев во шок неколку секунди”, рекол еден од обожавателите кои биле таму.

Сепак, Северина остана вистински професионалец и продолжи да пее и танцува облечена во комбинација од бели панталони и елек. Мажот потоа го нашол тоа што го барал, држејќи ја за ногата Северина и ѝ го дал предметот со нејзината насмевка на одобрување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Подоцна таа појаснила дека ѝ паднала обетката, а херојот кој ѝ помогнал бил нејзиниот техничар Шајо.

„Мислев дека ме касна куче, а тој само ми ја спасуваше обетката од мојата потпетица“, се пошегува на својот Инстаграм Северина.

„Се надевам дека господинот доби покачување или барем голем бакшиш за неговата посветеност и професионализам“, ѝ рекол еден следбеник.

Слични објави

Што се крие зад смртта на турската модна инфлуенсерка? Семејството се сомнева во официјалната верзија на истрагата

Еспресо

Шок во емисијата: Сања Вучиќ откри како се вика нејзиното момче и го изненади Огњен Амиџиќ

Еспресо

Куркумата е многу здрава, но во овие пет случаи не смее да се користи

Еспресо

(Фото) Наде Телевска во најсекси издание: Ослабе и комплетно се промени

Еспресо

Не го преболела: Николина Пишек со трогателен гест за покојниот сопруг

Еспресо

(Фото) Дани „раскомотена“ на масажа, без трошка шминка

Еспресо
Се вчитува....