11:40 - 5 декември, 2025

(ВИДЕО) Мистериозните убиства на големите бели ајкули добија епилог: Со дронови е снимен моментот кога озлогласените предатори ги напаѓаат

Камерите со дронови ја снимија крвавата сцена на орки како го откорнуваат црниот дроб на голема бела ајкула долга 2,7 метри во водите околу заливот Мозел во Јужна Африка.

Веќе неколку години, локалните жители пријавуваат дека пронашле трупови на бели ајкули без црн дроб, кои се појавиле во близина на брегот на Кејптаун, а тоа привлече бројни научници, кои со години се обидуваат да откријат зошто се случува тоа.

Снимката, која беше премиерно прикажана во четвртокот на Дискавери, е резултат на долгогодишната работа на морскиот биолог Алисон Таунер, која објасни дека ова е „еден од најневеројатните настани во природната историја што е снимен на камера“.

Која е причината за чудните случувања?

Големите бели ајкули до неодамна беа вообичаени жители на водите на брегот на Јужна Африка, поради големите популации на фоки кои се главниот извор на храна на овој предатор. Сепак, нивниот број почна драстично да се намалува во последните неколку години, а поранешната популација од 900 ајкули беше намалена на 552. Сè до 2019 година, кога се појави веста дека големите бели ајкули мистериозно исчезнале од водите во близина на брегот на Кејптаун, Јужна Африка и сите докази укажуваа на миграцијата на орките во регионот.

Преку внимателно набљудување, научниците дошле до заклучок дека тие станале плен на китовите орки. Иако многумина би помислиле дека големите бели ајкули имаат огромна предност во однос на орките, тоа не е случај бидејќи тие не можат да се натпреваруваат со нивните стратегии за групно ловење. Ако се земе предвид дека во периодот од 2010 до 2016 година, на територија од 1.000 квадратни километри од Атлантскиот Океан биле забележани во просек 205 големи бели ајкули, додека во 2018 година биле забележани само 50 и дека ниту една не била забележана оваа година, стана очигледно дека нешто ги плаши и ги оддалечува од нивното поранешно живеалиште.

„Истражувањето е важно бидејќи со одредување како големите морски предатори реагираат на ризик, можеме да ја разбереме динамиката на коегзистенција со другите предаторски заедници“, објасни Таунер. Гансбаи некогаш беше светски познато место за бели ајкули, каде што туристите од целиот свет доаѓаа да нуркаат во кафез. Денес речиси ги нема.

„Орките се насочени кон возрасни големи бели ајкули, што може дополнително да влијае на веќе ранливата популација, благодарение на нивниот бавен раст и доцното созревање“, објаснува таа.

Слични објави

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

(Фото) „Мал сончев зрак води низ облачно небо“: Лична приказна на Илина Арсова

Еспресо

„Кога излеговме на состанок, ми кажа дека е оженет“: Николина Пишек бара партнер на апликација за запознавање

Еспресо
Се вчитува....