7.8 C
Скопје
23:44 - 30 март, 2026

(Видео) Кралот Чарлс Трети танцува со полусестрата на Ана Франк – 93 годишната Ева Шлос: „Многу е симпатичен“

Кралот Чарлс III во еуфорично расположение излезе на подиумот и почна да танцува со Ева Шлос, полусестра на Ана и Марго Франк.

За време на неговата посета на центарот Финчли Роуд на еврејската заедница во северен Лондон, кралот долго разговарал со 93-годишната Ева, ќерка на Елфрид Гајрингер, која во 1953 година се омажила за Ото Франк, таткото на Ана, и го преживеала Аушвиц. Ева Шлос е позната и по своите мемоари посветени на жртвите на Аушвиц.

„Беше многу симпатичен, навистина учествуваше во танцувањето. Изгледаше многу опуштено, уживаше“, коментира Шлос за Гардијан, опишувајќи го Чарлс како достапен и забавен човек.

Подоцна во текот на денот, кралот ја искористи можноста да се сретне со ученици кои пакуваа подароци и подготвуваа корпи со храна за семејствата кои го преживеале Холокаустот.

„За жал сè уште постои антисемитизам, луѓето велат дека Евреите треба да се вратат во Израел: ова е Англија, но се надевам дека наскоро ќе ги надминеме овие предрасуди“, рече Шлос која на настанот беше во улога на активистка.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....