18.8 C
Скопје
14:34 - 3 март, 2026

(Видео) Јована Јеремиќ танцува во собата, во станот невиден лом, а таа пее на турски јазик

Српската водителка Јована Јеремиќ, во моментот поминува низ многу тежок период во својот живот, па и се случиле бројни неволји.

Нејзиниот татко Миодраг е болен, ја раскина врската со бизнисменот Драган Станковиќ од Грочка, иако двојката планираше свршувачка и свадба.

Сепак, се чини дека дури и во тие моменти, Јована не попушта и не си дозволува да потоне, па неодамна се снимила себеси во спалната соба додека го пеела текстот од песната на Теа Таировиќ.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JOVANA JEREMIC (@jeremicjovana)


„Многу долго не сум танцувала и многу долго не сум се смеела. Најсилна кога е најтешко“, напишала Јована.

Меѓутоа, во преден план не беше танцот на Јована, но многумина го забележаа огромниот хаос во нејзината спална соба, а нејзината ќерка цело време беше во креветот.

„Требаше прво да се грижиш за себе, па потоа да изиграваш мајмун“, „Кутриот ова дете покрај неа“, „Погледни го нејзиниот плакар, фуј“, „Гајба ко контејнер браво за мама дава пример за детето“, „Глуми дама во свињарник“, биле само дел од бруталните коментари на сметката на Јована.

Јована Јеремиќ преку социјалните мрежи објави дека таа и нејзиниот сега веќе поранешен партнер, Драган Станковиќ, одлучиле да стават крај на емотивната врска која траела нешто повеќе од година ипол.

„Драги обожаватели и следбеници, сакам да ве известам дека Драган Станковиќ и јас решивме да ставиме крај на нашата врска од една година и 8 месеци поради различни погледи за иднината. Поминавме прекрасни денови заедно и остануваме најдобри пријатели еден на друг. По овој повод повеќе нема да се огласуваме ниту тој ниту јас. Ова е нашето заедничко соопштение. Ве сакаме сите“, напишала Јована на Инстаграм.

 

Слични објави

(Фото) Каков фраер е синот на Харис Џиновиќ: Кан се набилда и пушти брада, ги остави жените без зборови

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ сподели радосна вест: Малата Арија наполни шест месеци

Еспресо

(Фото) „Носам исти гаќи седум дена“: Дарко и Катарина Лазиќ се заробени на Малдивите, пејачот мора рачно да пере алишта

Еспресо

Катарина Грујиќ мирот го пронајде во светилиштата на Косово и Метохија: „Постот е благослов“

Еспресо

Ново огласување на Јелена Томашевиќ: Ја откри својата дијагноза и како се чувствува

Еспресо

Мина Костиќ го обвини поранешниот партнер дека лаже: По раскинувањето, една работа ѝ е најважна

E.A.
Се вчитува....