2.8 C
Скопје
04:39 - 16 март, 2026

(Видео) Јелена Розга проговори за љубовта: Сега сум најсреќна

Јелена Розга проговори за љубовта и здравјето кои ги држи под контрола, а едвај чека да ги „наполни батериите“ во родниот Сплит.

Минатата сабота регионалната поп ѕвезда Јелена Розга (46) одржа концерт во хотел во Јахорина, Босна и Херцеговина, каде два часа ја забавуваше публиката со своите бројни хитови. Пејачката пред да излезе на сцената за локалната телевизија „Хајат“ открила дека е во најсреќната фаза од животот.

– Љубовта е сѐ за мене, не функционирам без љубов. На мене може да се види кога сум тажна и кога нешто не функционира, тоа се гледа во моите очи. Колку и да се труди човек да го скрие тоа, со насмевка на неговото лице, не оди, очите кажуваат сѐ. Сега сум во најубавата и најсреќната фаза од мојот живот – признала Розга.

Пејачката со години има проблеми со тироидната жлезда и срцето, но вели дека моментално нема никакви проблеми.

– Фала му на Бога, тироидната жлезда е добро, моите наоди се добри. Секој месец морам да вадам крв и сега ми оди многу добро – изјавила Јелена.

 

Слични објави

Никол Кидман има необичен ритуал пред Оскарите: Тоа ме приземјува и тоа е она што обично го правам во неделите

Еспресо

Ги отпеа зборовите на љубовницата и ја откри аферата на познат политичар: Југославија зборуваше за шокантното неверство, а хитот на Јасна Злокиќ со години беше забранет

Еспресо

(Фото) Новата објава на Дарко Лазиќ по погребот на неговиот брат е срцепарателна: „Не дозволувајте никој кој не е во вашите чевли…“

apostolova

Тони Цетински покрај богатата кариера има и богат љубовен живот: Трипати кажал „да“

Еспресо

„Ѝ посакувам…“ Поранешната снаа на Зорица Брунцлик проговори за здравјето на пејачката: „Таа е баба на моите деца“

Еспресо

Овие 5 хороскопски знаци имаат највисока емоционална интелигенција

Еспресо
Се вчитува....