21:54 - 25 февруари, 2026

(Видео) Иван Хуљиќ бил на концерт на Јелена Розга во Сараево уште во ноември

Откако неодамна беа снимени заедно во супермаркет во Сплит, медиумите не престануваат да пишуваат за љубовната врска меѓу Јелена Розга и Иван Хуљиќ, а „Klix.ba“ објави ексклузивна снимка на која се гледа дека Хуљиќ бил со Розга на концерт во Сараево во ноември минатата година.

Имено, на видеото се гледа дека Иван Хуљиќ бил во ВИП зоната за време на концертот во сараевска Зетра. Снимката е направена за време на изведбата на песната „Лавица“, чија музика и текст ги напишаа родителите на Иван – Тончи и Вјекослава Хуљиќ, а видеото можете да го погледете ТУКА.

Неговите соседи претходно за медиумите изјавија дека често ги гледаат и дека Јелена Розга го напушта неговиот стан. Српските медиуми потоа објавија фотографии од нив како шетаат низ Будимпешта држејќи се за рака.

За сето ова проговори и Тончи Хуљиќ кога новинарите го прашаа за љубовниот живот на Иван. Но, Тончи тогаш изјави дека „нема да влезе во креветот на синот и дека го поддржува доколку тоа е вистина“.

Исто така, на неодамнешните концерти во Сава центарот во Белград, Розга на новинарите им кажа дека во публиката е и нејзиното момче, но не сакаше да открие за кого станува збор.

“Тој беше овде вечерва на вториот концерт. Ме бакна и ме прегрна пред концертот и ми посака среќа. Љубовта е најважна работа. Добив цвеќе од публиката, многу мечиња и лавови и сето тоа го носам во Сплит”, изјавила тогаш таа.

Интересно е што и пред десет години медиумите ги поврзуваа Розга и 10 години помладиот Хуљиќ. Имено, во 2009 година хрватските медиуми пишуваа дека Иван, тогаш 21, често престојувал во станот на Јелена, а во 2010 година изјавил дека „Јелена е прекрасна личност и дека му е мило што го поврзуваат со неа“.

По шпекулациите за венчавката, Розга изјави дека е заљубена и среќна, но дека не се мажи.

Слични објави

Кумот на Милица Тодоровиќ проговори за оженетиот партнер на пејачката: „Колку што знам…“

Еспресо

Оливера Балашевиќ објави: „Ми пристигнува внук, мал капетан на Панонската морнарица“

Еспресо

„Луда е како ѕвоно“: Едита си кажа што мисли за Карлеуша, до пред две години беа луто скарани

Еспресо

„Имав 19 абортуси“: Морничаво признание на српската ријалити ѕвезда Маја Маринковиќ

Е.А.

Даниел Кајмакоски се врати на сцената по киднапирањето: Настапи на српската Песна за Евровизија

Еспресо

(Видео) Осумдесет и тригодишен маж заврши во видеоспот на Тејлор Свифт, без да знае која е таа

Еспресо
Се вчитува....