00:37 - 6 април, 2026

(Видео) Хаос на концертот на Брена во Тузла: Маж од публиката се качи на бината и падна на колена, обезбедувањето веднаш реагираше

Лепа Брена синоќа одржа концерт во родната Тузла, на кој нејзините обожаватели ја поздравија со овации, а забавата траеше до доцна во ноќта.

Лепа Брена им приреди вистински спектакл на своите сограѓани, а особено беше емотивна додека ја изведуваше песната „Немам други дом“, кога емоциите ја совладала, па се расплакала среде концерт.

На нејзиниот репертоар се нашла и песната „Удри Мујо“ од осумдесетите години, која е еден од најголемите хитови на Брена.

Во текот на изведбата на оваа песна, еден од обожавателите дошол до сцената, ѝ подарил цвеќе на Брена, а потоа и се качил на бината со неа. Иако обезбедувањето постојано се обидувало да го тргне, Брена го задржала, а потоа заедно танцувале.

Видеото набрзо се прошири на социјалните мрежи, а пејачката доби многу позитивни коментари.

„Браво за Брена“, „Го украде шоу“, „Прекрасно“, „Брена кралица“, се само дел од коментарите.

 

@amina__.80 Ovaj lik je bio zvijezda večeri🥰 ako neko zna o kojem momku se radi,neka ga označi… #fyp #lepabrena #foryoupage❤️❤️ #tuzla ♬ original sound – amina__.80

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....