7.8 C
Скопје
23:26 - 30 март, 2026

(Видео) Годините на Бајден станаа товар за неговите подредени: „Крај на цитатот, повторете ја реченицата“ – претседателот почна да ги чита и белешките во говорот

Американскиот претседател Џо Бајден, кој оваа година наполни 80 години, им носи се повеќе непријатности на своите подредени. Ова го објави Њујорк Тајмс.

Според весникот, возраста на шефот на Белата куќа станува се поголем проблем за демократите, а тој пак, инсистира на учество на следните претседателски избори.

„Неговото ниво на енергија, иако е импресивно за маж на негова возраст, повеќе не е она што беше порано, а некои асистенти тивко се жалат на него“, се вели во NYT.

Бајден постојано се наоѓал во непријатни ситуации за време на јавното говорење. Така, еднаш не можеше да го изговори името на својата земја, дргпат ја помеша Украина со Кина, третпат се поздравуваше „во празно“, падна од велосипед…, а пред два дена направи уште еден гаф.

Имено, за време на прес-конференцијата на која го најави потпишувањето на извршната наредба за поддршка на правото на абортус во САД, додека го држеше говорот нешто тргнува наопаку и тој почна да ги чита и белешките напишани во говорот: „Крај на цитатот, повторете ја реченицата“. Очигледно, социјалните мрежи не ја простија малата непријатност и на социјалните мрежи видеото е веќе вирално, предизвикувајќи коментари и мемиња.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....