7.8 C
Скопје
08:48 - 17 март, 2026

(Видео+фото) Јелена Ѓоковиќ уловена во шорц и влечки на предавања во Белград, без грам шминка

Јелена Ѓоковиќ беше забележана на предавање во Белград во лежерна облека.

Јелена Ѓоковиќ денеска беше фотографирана од папарацото на „Блиц“ на предавањето на Барбара О Нил во Белград.

Фотографиите од Јелена на предавањето можете да ги погледнете – ТУКА.

Сопругата на тенисерот Новак Ѓоковиќ се појавила на предавањето на познатата промотерка на алтернативна медицина Барбара О Нил, кое се одржува во Белград. Јелена важи за дама со истенчен моден вкус која, освен што ги следи светските модни трендови, внимание посветува на здравите навики, растителната исхрана, редовните тренинзи и воспитувањето на децата без влијание на социјалните мрежи.

На споменатиот настан порталот „Среќна Република“ го забележал нејзиното доаѓање. Нејзиниот стајлинг, по обичај, бил едноставен, но доволно атрактивен. Јелена носела шорцеви во нежно зелена боја, додека белата атлетска маица правела совршен контраст. Браон-златните детали во вид на каишот и накитот ја оплемениле комбинацијата и ја направиле поелегантна. А кафеавите влечки од луксузниот бренд „Ермес“ во истата боја му дале на нејзиниот стајлинг беспрекорен изглед.

Јелена ја собра косата во опавче, а на лицето немала шминка.

Жените веднаш ѝ пришле да се фотографираат со неа, што таа со задоволство го прифатила.

Слични објави

(Фото) Ивона Јо во проѕирен фустан, посекси не изгледала досега

msp-admin

Намалете го холестеролот без лекови – што да јадете, а што да избегнувате?

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 март: Бидете трпеливи, успехот допрва доаѓа

apostolova

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.
Се вчитува....