21:44 - 5 април, 2026

(Видео) Драгана Мирковиќ го прослави роденденот во Дубаи и сподели емотивна порака: „Мојата најголема љубов“

Пејачката Драгана Мирковиќ пред неколку дена го прослави својот 57 роденден далеку Србија.

Имено, фолкерката е со семејството и пријателите во Дубаи, а сега објави видео и им се заблагодари на синот Марк, ќерката Мануела и пријателката што ѝ приредија роденденска прослава која долго ќе ја памети.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dragana Mirković (@dragana_mirkovic)

– Дубаи, еден од најмагичните градови во светот! Спомени кои не можат да се опишат. Среќа која не може да се заборави. Најдобриот роденден досега. Бескрајна благодарност до мојата најголема љубов и поддршка, моите деца и мојата вистинска пријателка – напиша Драгана во описот на видеото.

Инаку, пејачката се гордее со тоа што нивните наследници се поврзани со неа.

– Моите деца не се оптоварени со моето име. Децата се приврзани првенствено за мене, јас љубоморно го чувам тоа. Тие се мојот најголем успех – изјави пејачката еднаш за наследниците.

– Среќна сум што ги имам такви какви што се, што мислат правилно! Никогаш немав никаков проблем со нив – додаде Драгана која минатата година се разведе од својот долгогодишен сопруг, бизнисменот Тони Бијелиќ.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....