17:45 - 12 април, 2026

(Видео) Десингерица рендаше кашкавал врз фановите и им ставаше кори за пита по лицата! Раперот направи хаос во Будва!

Драгомир Деспиќ Десингерица е еден од најпопуларните машки музичари во Србија. Некои го осудуваат и критикуваат, други го обожаваат. Познат е по своите контроверзни и скандалозни настапи, но очигледно обожавателите го сакаат тоа.

Кај српскиот рапер нема средина, или го сакаат или не, а тој на секој настап оди чекор понатаму. Сепак, има една работа што не можат да ја оспорат со него, преполни клубови и голем број обожаватели на неговите настапи.

Овој пат сцената која забрзано се споделува на социјалните мрежи настанала во Будва во текот на дневна забава.

Имено, Десингерица во својот настап вклучил и смеса за пита, па во текот на изведбата на една песна на обожавателите им залепил кори за пита и јајца, а потоа изрендал кашкавал врз нивните глави.

Со оглед на тоа што сè се одвивало во текот на денот и јасно се гледале лицата на обожавателите, можеме да заклучиме дека неговите фанови биле воодушевени.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mondo Crna Gora (@mondo.me)

Слични објави

„Не би му препорачала никому да се пријави на избор за убавина“: Мис Универзум изненади со изјавата

Т.Ц.

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

Кое е значењето на јајцето „чуваркуќа“ и што треба да се направи со тоа од минатата година?

Т.Ц.

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ го прославува Велигден на Бали – ужива во празнична трпеза со семејството и Јована Пајиќ

Еспресо

Стапчиња од лиснато тесто со пармезан крцкави, миризливи и готови за 15 минути

Т.Ц.
Се вчитува....