20:25 - 11 април, 2026

(ВИДЕО) БУРНАТА ЉУБОВ НА МАРИЈАНА И НЕМЕШ: На нивната страст ниту камерите не можеа да и застанат на патот

Целиот регион е шокиран од веста дека исчезна поранешната учесничка на Големиот брат, Маријана Сејферт. Маријана освен со победата во познатото реално шоу, големо внимание привлече и со аферата со Никола Немешевиќ Немеш.

Во 2011 година, Маријана беше меѓу учесниците во реалното шоу Големиот брат. Таа тогаш беше во брак со Иван Чврљко, со кого има ќерка. Меѓутоа, во куќата на Големиот брат се разгоре страста меѓу неа и Немеш.

Тие двајца тогаш започнаа врска пред камерите, која предизвика големо внимание во јавноста.

По првиот бакнеж, двајцата водеа љубов пред камерите, за што се зборуваше долго време.

Русокосата Хрватка победи во шоуто и покрај тоа што многумина ја осудија за прељуба.

А што се случи со неа и со Немеш?

Се испостави дека таа се развела од сопругот Иван и ја продолжила љубовната врска со Немеш. Меѓутоа, нивната љубов била бурна. Се карале, раскинувале и повторно се смирувале.

Конечно, во 2016 година се венчаа.

И токму кога се чинеше дека го најдоа својот мир, се разведоа само една година подоцна.

Маријана оттогаш не се појавуваше многу во јавноста.

Сега кога е исчезната, проговори и Немеш. Тој рече дека е шокиран од веста, но дека не знае ништо за Маријана бидејќи долго време не биле во контакт.

Во меѓувреме Маријана се омажила за Томислав Гризељ Грицко, а пот разводот со него и за четвртиот сопруг Карл Сејферт, со кого моментално е во брак.

Слични објави

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо
Се вчитува....