3.8 C
Скопје
18:14 - 21 јануари, 2025

(Видео) Американка за Скопје: Ова е најлошиот град во Европа, никогаш нема да се вратам

Лена Соу е 23-годишна Афроамериканка од Лос Анџелес, која патува сама низ светот и ги споделува своите патувачки искуства преку видеоснимки на платформата ТикТок.

Неодамна ѝ беше поставено прашањето: „Кој ти е најнеомилена европска дестинација како црна жена која патува сама?“ од страна на нејзините следбеници, а таа одговори – Македонија, поконкретно нашиот главен град Скопје.

„Дефинитивно, број еден е Македонија. Но, не целата држава, туку конкретно главниот град Скопје. Ова беше едно од најлошите патувачки искуства што сум ги имала.

Во мигот кога останав сама, луѓето буквално свиреа од автомобилите по мене, ми довикнуваа по улиците. Си реков ’Ова е премногу‘. Луѓето ми приоѓаа цело време и си реков дека мора да престанат.

Покрај тоа што велам дека е небезбедно, има премногу нелегални такси возила. И не е проблемот тоа што ми наплаќаа повеќе бидејќи сум навикната да го плаќам ’туристичкиот данок‘. Туку, лудо е тоа што ми наплаќаа повеќе од тоа што би го платила во градот во којшто живеам – Лос Анџелес.

Фото: Pexels

Нема начин како да се движите низ градот, бидејќи е тешко да најдете такси со добра репутација, особено ако не зборувате македонски. Значи, заглавени сте. А, за мене тоа е многу небезбедно и не можам да го поднесам.

Ако сакате да одите во Македонија, одете во другите делови од државата. Одете на езерото. Охрид е убав. Многу ми се допадна. Но, Скопје – прескокнете го.

И, слушнав од многу други жени дека исто така имале такви чудни искуства и не би можела да го препорачам… Никогаш, никогаш нема да се вратам“, вели таа во видеото.

@sowonthego Replying to @Asma I will say that it was beautiful but being Black and a solo woman felt like a lethal combination and I was just so uncomfortable #travel #traveltok #solotravel #solofemaletraveler #blackgirltiktok #blacktravel #blackwomentravel #blacktravelfeed #blacksolotravel #bipoctravel #woctravel #skopje #macedonia #northmacedonia ♬ original sound – Lena | Solo & Budget Travel

Од недела зимско пресметување на времето: Ова се добрите и лошите страни на оваа практика

Слични објави

Јелена Ѓоковиќ го пие овој пијалак наместо утринското кафе, а идеален е за слабеење!

Еспресо

„Се доведов до клиничка смрт“: Ивана Кнез проговори за борбата со вишокот килограми

Еспресо

(Видео) Барон Трамп го украде шоуто: Синот на Доналд го прилече целото внимание на инаугурацијата на татко си

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко од Америка, испрати емотивни зборови: Драг мој тато…

Еспресо

(Фото) Загадочна објава: Јелена Карлеуша ќе се појави на Евровизија?

Еспресо

Дечкото на Милица Тодоровиќ се пресели од Загреб во Белград поради неа: Еве зошто тоа го крие од јавноста

Еспресо
Се вчитува....