6.8 C
Скопје
10:00 - 21 февруари, 2026

Весна Змијанац: Кога ќе заминам од овој свет, многу луѓе ќе ги мрзи да дојдат на мојот погреб

Пејачката Весна Змијанац пред неколку вечери настапи во ресторан каде што е редовна гостинка и каде публиката ја обожава. Иако надвор врнело, пејачката била расположена за дружење со медиумите.

Таа зборуваше за сите актуелни теми. Медиумите уште на почетокот ја прашаа што мисли за Лепа Брена и тоа што го смени бендот после 16 години.

– Па, да ви кажам право, јас не ни имам бенд. Моите бендови се таму каде што одам, таму го наоѓам мојот пат. Порано имав редовен бенд, но сега не. Сите знаат што пеам. Не знам зошто заврши таа соработка, но таа сепак пее и ќе продолжи да пее – истакна таа.

За односот на Саша Поповиќ и Брена се шпекулираше многу, а еве како Весна го коментира тоа што Брена не држела говор на комеморацијата на Поповиќ.

– Не ја знам таа приватна ситуација. Не се дружев многу со нив, не одев кај нив дома. Не би рекла дека не се добри. Толку години соработка не може така да исчезне. Сале направи многу за неа и за таа нивна екипа. Цел живот работеше како црв. Тоа се годините. Што се однесува до комеморацијата и тој говор, и јас кога ќе заминам од овој свет, многу луѓе ќе ги мрзи да дојдат на погребот. Не верувам дека таа не сакаше да го одржи тој говор, сигурно имала причина. Јас, на пример, не би знаела да одржам говор“, изјавила пејачката за „Курир“.

Слични објави

Мина „се пожали“ од Огњен, но се пофали со свекрвата: Бабата Снешка е столб на семејството по тешкото минато

Еспресо

Хороскоп за 21 февруари: Раковите треба да ги споделат чувствата, Стрелците ќе размислуваат за нови идеи

Еспресо

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо
Се вчитува....