6.8 C
Скопје
07:55 - 31 март, 2026

Весна Ѓогани ја откри вистината за бракот со Ѓоле Ѓогани: Никогаш не сме си кажале дека се сакаме!

Пејачката Весна Ѓогани проговори за врската со сопругот Ѓоле Ѓогани и со својата изјава изненади многумина. Имено, Весна откри дека таа и Ѓоле не си велат „те сакам“, туку тоа го кажуваат исклучиво на децата.

– Нашата работа не е за жени, треба да си каубој и да си офарбан во сите бои. Нѐ викаат необразовани, тапи и глупи. Со Ѓоле сме заедно од 2003 година, немаме ни конкретен датум – изјави пејачката.

– Ѓоле е 18 години постар од мене, но не ја гледам таа разлика. На некои девојки или жени не им се допаѓа таа разлика, јас сум некој што не знаеше која сум, што сум и каде сум, па ми одговараше што некој беше таму да се грижи за мене, а сега кога сум позрела, сè уште ја чувам таа сензуалност. Знам кога да му покажам заби, сето тоа се квалитетни и важни женски игри. На крајот на денот се борам за нашата врска, за нашите деца, јас сум пример за моите деца за утре. Ние не си кажуваме „Те сакам“, ниту тој мене, ниту јас нему – искрена беше Весна во емисијата „Премиера – Викенд Специјал“.

Да потсетиме, Весна и Ѓоле Ѓогани приредија голема прослава за нивниот син Адријан по повод неговиот 18 роденден.

Семејството Ѓогани собрало бројни гости во престижен ресторан, а за славеникот подготвиле краток филм за неговиот живот , кој бил многу емотивен за сите присутни.

Инаку, пред почетокот на прославата, Адријан Ѓогани за првпат застана пред камерите и зборуваше за односот со родителите.

„И двајцата имаа големо влијание врз мене, не можам да ги одвојам“, изјави Адријан.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....