14.8 C
Скопје
22:34 - 25 октомври, 2026

Весна Ѓиновска-Илкова за 28 години љубов со сопругот: „Поминавме и ќе поминеме уште убави моменти“

Оперската првенка Весна Ѓиновска-Илкова прослави 28 години љубов со сопругот Љубомир, споделувајќи колаж од нивни заеднички фотографии и емотивна порака посветена на семејството.

„И убавото чувство продолжува. 28 полни години љубов, почитување, поддршка. Нека ни се множат, поминавме и ќе поминеме уште убави моменти! Децата ни се богатството, иднината“, напиша Ѓиновска-Илкова.

Весна и Љубомир се родители на двајца синови, Ведран и Борјан. Сопранистката и претходно зборувала за семејството и за времето што го поминува со сопругот. Во едно интервју, таа рече дека Љубомир е машински инженер и дека двајцата ја делат љубовта кон природата.

„Кога не сме на работа обично сме некаде на планина со мојот сопруг Љубомир, кој е машински инженер. Синовите Ведран и Борјан само понекогаш нè дружат. И многу често сме сами или со пријатели“, раскажа Ѓиновска-Илкова.

Колку семејството ѝ е важно, таа особено нагласи во едно интервју од периодот на пандемијата и лекциите што ги извлекла од него, Ѓиновска-Илкова рече дека сфатила оти семејството е најважно, а сè друго станува споредно. Во тој период раскажа и дека времето дома го поминувала со децата, играјќи карти, шах и табла.

„Имам една голема желба, моите синови да бидат реализирани личности. Тоа е сонот на Љупчо и Весна“, изјави таа.

Ѓиновска-Илкова е една од најистакнатите македонски оперски уметници, првенка на Националната опера и балет и професорка на Факултетот за музичка уметност. Зад себе има повеќедецениска кариера и повеќе од 20 главни оперски улоги.

Слични објави

Злата Петровиќ отворено за минатото: „Бев добра љубовница, но никогаш од корист“

Е.А.

Страшна тајна се крие во хитот на Цеца — „Расуло“ е напишана од две најголеми лични и семејни трагедии

Е.А.

Саша Капор со потресна порака за смртта на познатиот композитор Зоран Тутуновиќ – Тутун

Е.А.

Наташа Беквалац шокираше со признанието за гласот и сопствениците на клубови: „Не ме сакаат бидејќи со мене нема голем промет“

Е.А.

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се преселија во Мадрид

Е.А.

(Фото) Ава Карабатиќ се спореди со Шарлиз Терон, следуваа брутални коментари: „Оди бери маслинки“

Т.Ц.
Се вчитува....