Неодамна беше одбележана 31. годишнина од смртта на легендарниот пејач Тома Здравковиќ. Неговата сопруга Гордана Здравковиќ изјавила дека ангажирала адвокат и дека е решена правно да се избори за она што го смета за своја правда.
Имено, пред четири години беше прикажан филмот „Тома“ на српскиот актер Драган Бјелогрлиќ. Филмот е опишан како импресионистички портрет на Тома Здравковиќ, кој го прикажува неговото детство, почетоците, врвот на славата, љубовите кои го инспирирале при создавањето на некои од најголемите хитови. Прикажан е и односот што го имал со голем број пријатели од тогашната уметничка сцена, како Зоран Радмиловиќ, Мика Антиќ, Тозовац и други. Филмот следи две линии на приказна – едната од 1991 година се фокусира на односот на Тома со неговиот лекар, кој започнува негово лекување и се претвора во пријателство, а другата ја следи неговиот живот.
Филмот доживеа голем успех, а Гордана Здравковиќ, вдовица на познатиот пејач, изнесе обвинувања против режисерот и продуцентите на филмот, пренесува „Дневно.хр“.
„Потпишав договор кој беше измама, го потпишав со Драган Бјелогрлиќ, Жељко Јоксимовиќ, Бане Обрадовиќ и Аца Пејовиќ. Тоа никој не го демантира, а и медиумите во Србија молчат“, изјавила Гордана.
Таа раскажа дека на почетокот верувала дека учествува во проект кој ќе го прикаже животот на нејзиниот сопруг достојно и дека како неговата последна сопруга ќе придонесе за автентичноста на филмот. Сепак, по успехот на филмот, се чувствувала целосно изневерено.
„Им дадов многу информации, им давав совети, бев присутна на промоции. Ветија дека ќе му помогнат на мојот син и првично контактираа со убави зборови, но по големиот успех на филмот повеќе никогаш не се јавија“, изјавила Гордана.
Таа нагласила дека филмот го промовирала од љубов кон Томиното наследство, но сега чувствува само горчина и разочарување. Секоја година доаѓа од Америка на гробот на својот сопруг, но оваа година била целосно сама:
„Сите доаѓаа кога се снимаше филмот, а оваа година бев сама на гробот. Жал ми е што дозволив да бидам измамена и што го потпишав согласноста за филмот.“
Особено ја погоди сознанието дека некои лица биле принудени да дојдат на гробиштето за време на снимањето.
„Тоа ми беше страшно. По четири години сфатив кои се вистинските колеги, а тоа се Драган Којиќ Кеба, Лепа Лукиќ и Зоран Калезиќ. Другите само го искористија името на мојот сопруг и неговите песни.“
Гордана откри и дека нејзиниот син никогаш не го гледал филмот, бидејќи не сака да има врска со луѓето кои, како што тврди, ги изневериле:
„Верувам во правда, Бог ќе им врати сè. Не станува збор за пари, туку за измама.“
На крајот, таа порачала дека ангажирала адвокат и дека е решена правно да се избори за она што го смета за своја правда.
