20:09 - 5 април, 2026

Учесничката на „Парови“ оставила проштално писмо пред да изврши „ритуално самоубиство“: „Одам таму каде што ме вика мајка ми“

Вољенка Илиќ (51), поранешна учесничка на реалното шоу „Парови“, оставила проштално писмо пред да се самоубие во четвртокот со морбидно давење во базенот на вилата во елитниот дел на градот Пуерто Плата во Доминиканската Република.

Вољенка оставила проштално писмо. Во писмото таа се простила од сопругот и сестрата, велејќи дека повеќе не може да живее и дека сака да оди „каде што ја вика мајка ѝ“.

Доминиканските медиуми ги открија бизарните детали од оваа трагедија, нагласувајќи дека, очигледно, станува збор за некакво „ритуално самоубиство“.

– Телото на Вољенка е пронајдено во базенот со бел превез на главата, нозете и биле врзани со селотејп, а околу главата имала врзани два сини тегови. Исто така, за бедрата било врзано јаже за вежбање. Полицијата смета дека се работи за ритуално самоубиство, бидејќи на масата во вилата биле пронајдени свеќа и шест икони, како и плишана играчка – јавуваат локалните медиуми и додаваат:

-Вољенка на масата оставила проштално писмо во кое им се обраќа на сестра си и сопругот. На својата сестра и рекла дека повеќе не може да живее и да се грижи за својата ќерка. На сопругот пак му порачала дека засекогаш ќе го сака и дека оди каде што ја вика мајка ѝ – вели извор од истрагата.

Медиумите од Доминиканската Република забележуваат дека сопругот на Вољенка во моментот на трагедијата бил во Србија.

Нозете врзани со селотејп, а на главата тегови: Пронајдена мртва учесничка на реалното шоу „Парови“

 

Слични објави

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.
Се вчитува....