4.8 C
Скопје
21:57 - 2 март, 2026

Тридневна диета со авокадо која е одличен скротувач на апетитот

авокадо

Времетраењето на диетата со авокадо варира од три до седум дена. Сепак, ова е диета за детоксикација и не треба долго да ја ограничувате вашата исхрана, бидејќи на вашето тело му се потребни најразлични витамини, минерали и други хранливи материи. За овој период можете да изгубите 1-5 килограми во зависност од физичките параметри, од должината на диетата и, се разбира, од нивото на активност.

Затоа се препорачува диетата со авокадо, како и другите видови диети за слабеење, да ги комбинирате со вежбање. Кардио вежбите ќе бидат особено корисни бидејќи помагаат во согорувањето на маснотиите.

Прв ден
Рано наутро (на празен стомак): чаша топла вода со лимон.

Појадок: салата од зеленчук, домати, краставица и авокадо со 1 лажица маслиново масло, 1 јајце, кафе.

Ужина: 1 мандарина и 30 грама ореви.

Ручек: тестенини со мисиркино месо (100 грама) и сос од домати, салата од рукола со половина авокадо и една краставица.

Вечера: зеленчук на скара и авокадо.

Втор ден
Рано наутро (на празен стомак): чаша топла вода со лимон.

Појадок: палачинки со хелдино брашно, 1 лажица мед, магдонос, половина јаболко, кафе или 1 шолја зелен чај.

Ужина: парче тост леб со авокадо, 1 шолја зелен чај.

Ручек: салата од туна со авокадо, домат, краставица, црвена зелка и сок од лимета.

Вечера: 150 грама пилешко на скара и 150 грама зеленчук, 100 грама авокадо.

Трет ден
Рано наутро (на празен стомак): чаша топла вода со лимон.

Појадок: тост од интегрален леб со авокадо и две јаболка, кафе или зелен чај.

Ужина: печено јаболко со сирење и 20 грама јатки.

Ручек: 100 грама варена хелда, зеленчук со авокадо и билки.

Вечера: 100 грама варена риба, 200 грама печен зеленчук.

Пред да започнете со диетата, подобро е да имате краток еднодневен пост, а за тоа постојат и различни погодни напитоци. Адријана Лима обожава да подготвува хранливо смуди за детоксикација со грчки јогурт или кокосова вода со половина авокадо и половина лажица мед. Манекенката Емили Ди Донато обично сака да пие смуди од боровинки, бадемово млеко, со една лажичка вештачки протеини, спанаќ и други билки. Изберете каков било рецепт кој вклучува зеленчук, бобинки и овошје кога ќе планирате ден за испостување на организмот.

По диетата, препорачливо е следниот ден да го поминете пиејќи исклучиво вода или јадејќи само овошје и зеленчук. Се препорачува мерење на празен стомак по посниот ден. За резултатите да бидат навистина добри, не заборавајте на вежбањето. Дури и само 15 минути вежбање во домашни услови ќе му биде од корист на вашето тело.

Слични објави

Мина Костиќ го обвини поранешниот партнер дека лаже: По раскинувањето, една работа ѝ е најважна

E.A.

„Благодарна сум и сакана“: Први фотографии од прославата на Сања Маринковиќ

E.A.

„За мене се ова е премногу емотивно“: Николина Коваќ излезе од породилиште со сопругот Сашо Капор 

E.A.

Српски пејач на 37 години стана татко по шести пат, па откри што ѝ подарил на сопругата

Еспресо

Пејачот со бремената сопруга се заробени на Малдивите поради воениот конфликт, а сега нашле начин како да се вратат во Србија

Еспресо

(Фото) Српска манекенка евакуирана од Дубаи: Во брак е со арапски милијардер, сега се огласи

Еспресо
Се вчитува....