8.8 C
Скопје
05:18 - 29 март, 2025

Три лица уапсени и обвинети за трагичната смрт на Лијам Пејн, двајца вработени во хотелот и пријател на пејачот

Три лица се уапсени во врска со смртта на пејачот Лијам Пејн, објавија аргентинските власти. Поранешниот пејач на групата „Уан дајрекшн“ почина пред три недели откако падна од балкон на третиот кат на хотелот „КасаСур“ во Буенос Аирес.

Според извештаите на „Еј-би-си ворлд њуз“ и аргентинскиот весник „Ла Насион“, полицијата уапсила двајца вработени во хотелот и пријател на Лијам, кој наводно се претставувал како негов менаџер. Според нив, пејачот поминал извесно време со нив пред неговата смрт. Аргентинскиот „Ла Насион“ го идентификуваше наводниот пријател на Лиам како бизнисмен кој сега е обвинет дека го занемарил и го напуштил Лијам, затоа што не го известил семејството на пејачот дека е во неволја и дека користел дрога.

Аргентинските обвинители соопштија дека едно лице кое било во друштво на пејачот е обвинето за напуштање на личност, што резултирало со смрт, како и за снабдување и овозможување на употребата на наркотични средства. Вработен и трето лице се обвинети за набавка на наркотиците, јавува Би-би-си.

Да потсетиме, на денот кога трагично почина Пејн бил под дејство на силни халуциногени дроги кои предизвикуваат психотични напади и халуцинации.

Неодамна, делумната обдукција покажа дека музичарот имал траги од неколку лекови и дрога во телото во моментот на неговата смрт. Заедно со кокаинот, тие откриле и траги од „розов кокаин“, мешавина која често вклучува МДМА, кетамин, метамфетамин, крек, бензодиазепини, а понекогаш и кокаин.

Полицајците од Буенос Аирес известија дека пејачот консумирал „кристал“ или метамфетамин, опасна супстанција која предизвикува екстремни високи и екстреми, што го прави корисникот агресивен. „Непредвидливото“ однесување можеби е предизвикано од дрогата и можеби предизвикало халуцинации, што можеби го навело Пејн да скокне од балконот на третиот кат во неговата хотелска соба во Буенос Аирес.

Инаку, Пејн почна да злоупотребува дрога и алкохол кога стекна голема слава со групата „Уан дајрекшн“, која беше создадена во талент шоуто „Икс фактор“ во 2010 година кога жирито одлучи по соло аудициите Пејн, Хари Стајлс, Најл Хоран, Зејн Малик и Луи Томлинсон да се приклучат на групата.

 

Слични објави

На Вики Миљковиќ ѝ почина братот, Цеца не се одвојува од пријателката на која ѝ е и кума

Еспресо

(Фото) Војаж раскина со девојката и објави шокантна фотографија: Раперот конечно се изјасни за згодната бринета!

Еспресо

(Фото) По 18 години се вратија во „Гранд“, само Милан Станковиќ не дојде: Вака ќе му оддадат почит на Саша Поповиќ во „Ѕвездите на Гранд“

Еспресо

„Ми го земаат телефонот кога пијам“: Наташа Беквалац откри каква е кога ќе претера со алкохолот

Еспресо

(Фото) „Сега да ми се тргнете од патот“: Марија Шерифовиќ ги спакува куферите, отиде на одмор

apostolova

Жерар Депрадје ќе ја дознае пресудата во мај: Овинителството бара 18-месечна условна казна за актерот

Еспресо
Се вчитува....