22:41 - 5 април, 2026

Тијана Дапчевиќ се огласи на Инстаграм за скандалот: Пејачката вели дека некој ѝ го сменил текстот без нејзино знаење

Пејачката Тијана Дапчевиќ се огласи по скандалот што се случи во неделата вечер на настанот кој таа го водеше.

Имено, детскиот хор „Чаролије“ во неделата вечер во Сава центар го прослави својот 18-ти роденден, а по тој повод на Ивица Дачиќ му беше врачена специјална награда, а пејачката Тијана Дапчевиќ, која ја водеше програмата, го најави како „чичко кој ќе добие плакета за поддршка на проектот од неговото основање“, пишува „Нова.рс“.

„За својата поддршка на хорот од неговото основање, плакета ќе добие министерот за внатрешни работи, чичко Ивица Дачиќ“, најави Дапчевиќ.

Во публиката во тој момент се слушнаа свирежи и негодување, а видеото многу брзо се прошири на мрежите.

Снимките од настанот брзо се проширија на социјалните мрежи, предизвикувајќи различни реакции и коментари. Некои присутни изразија незадоволство поради политичкото присуство на културен настан посветен на децата.

Со оглед на објавата на Тијана за Ивица Дачиќ, некои мислеле дека пејачката на овој начин ја поддржала власта, но веќе следниот ден таа се огласи на својата инстаграм-приказна објавувајќи фотографија од протестот со емотикон на срце – сепак притисокот врз неа не прекина, па таа денеска се огласи на својот инстаграм-профил, но многу брзо ја избриша објавата.

„Постојат ситуации во кои секој обид за оправдување е излишен, колку и да имате основа за тоа. Настанот во недела беше еден од тие. Многу ми е жал што се случи да излезам на сцената со текст кој, без мое знаење, е изменет во последен момент. Уште повеќе ми е жал што тоа беше причина да се помисли дека моите ставови се спротивни на ставовите на оние кои бараат вистинските виновници за смртта на 15 невини луѓе да бидат соодветно казнети. Секогаш сум била и ќе бидам на страната на тоа што е вистинито и прваедно, особено во момент кога за овие две доблести на човечкиот род се борат нашите потмоци од кои оваа земја ја позајмивме. Слава на Бога“, напиша Тијана на Инстаграм.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....