22:48 - 5 април, 2026

Тања Савиќ мора итно на оперција: Еве со каков проблем се соочи пејачката

Пејачката Тања Савиќ наводно итно мора да оди на операција на гласните жици, тврдат нејзини блиски соработници.

Таа неодамна поради здравствената состојба го откажа настапот во Словенија, а потоа и сите останати во следниот месец, за да се справи со проблемите со гласот.

– По којзнае кој пат ѝ пукна гласот, па мораше да го откаже настапот. Кога добила температура, Тања отишла на лекар и состојбата ѝ е алармантна. Ова не е првпат да ѝ биде понудена операција. Минатиот пат се однесуваше многу неодговорно и штом состојбата малку ѝ се подобри, продолжи да пее наместо да ги слуша лекарите и што поскоро да се оперира – вели извор близок на пејачката.

Инаку, пред неколку дена Савиќ ѝ се обрати на публиката преку видео на Инстаграм.

– Драги мои, имам важна најава, можете да слушнете каков ми е гласот, поради тоа морам да го откажам настапот во Словенија, се радував на тој настап, знам дека и вие се радувавте, но не можам да пејам вака. Не смеам да пеам, имам температура. За еден час одам на лекар на преглед. Не знам што ќе ми кажат – изјави тогаш Тања Савиќ, а подоцна веќе не се огласи.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....