11.8 C
Скопје
12:27 - 19 март, 2026

СВЕТОТ НА ХАРИ ПОТЕР – инспирација за литературен, ликовен и фото-конкурс, тестирајте ја вашата инспирација, а има и убав награден фонд!

Волшебниот свет на Хари Потер е инспирација за новиот литературен, ликовен и фото-конкурс во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“. На овој креативен предизвик, кој ќе трае од 18 февруари до 20 март 2022 година, право на учество имаат сите ученици од основните и од средните училишта, како и сите фанови на овој серијал.

Тие ќе се натпреваруваат во неколку категории, поделени по возраст, а најдобрите творби ќе бидат наградени. Победниците ќе бидат соопштени на почетокот на април 2022 година, а наградите ќе бидат врачени на посебен настан.

Наградниот фонд се состои од дипломи, книги и подароци со ликовите од „Хари Потер“.
Tворбитe инспирирани од Хари Потер ги очекуваме на следната е-адреса: [email protected].
При конкурирањето, не заборавајте да ни ги напишете и вашите податоци: име и презиме, ментор, одделение/клас и училиште, како и поштенската адреса и телефонски контакт (од родител за помладите учесници).

Во светски рамки во 2022 година се одбележуваат два значајни јубилеја поврзани со Хари Потер – 25 години од објавувањето на првата книга од серијалот „Хари Потер и каменот на мудроста“ од Џ. К. Роулинг и 20 години од премиерата на истоимениот филм.
По тој повод, „Арс Ламина“, која ги поседува авторските права за книгите од серијалот „Хари Потер“ на македонски јазик, се приклучува кон глобалното одбележување, а една од активностите е овој креативен конкурс.

„Арс Ламина“, под својот импринт „Арс Либрис“, досега ги има објавено „Хари Потер и Каменот на мудроста“ (кое го има и во лектирна верзија), „Хари Потер и Одајата на тајните“, „Хари Потер и затвореникот од Азкабан“, „Хари Потер и Пламениот пехар“ и „Хари Потер и Редот на фениксот“. Во текот на оваа година се очекуваат и следните делови.

Слични објави

Планирам средба со пријатели два месеци однапред: Сара Мејс откри непознати детали за себеси

Еспресо

Тања Савиќ: Се покајав за естетските корекции, имам проблем со филерите

msp-admin

(Фото) Ирена Спировска во ултра мини на посебен настан, изгледа многу помладо

Еспресо

Драма во Русија: Гога Секулиќ во паника се вратила во Србија, платила 5.000 евра за итен лет

apostolova

Го занемаруваме, а најбрзо старее: Како правилно да го негувате деколтето

Еспресо

(Фото) Сузана Гавазова ја покажа спалната соба-опуштена во пижами

Еспресо
Се вчитува....