19:03 - 16 ноември, 2026

Сузана Манчиќ отворено за интимните сцени и фотографирањето за Плејбој: Маж ми пет дена не разговараше со мене

Сузана Манчиќ беше во центарот на скандал кога нејзините интимни видеа беа објавени во јавноста, а како што еднаш рече, во тие моменти нејзините деца ѝ биле единствена сила и потпора.

– Ќе се стуткаш, ќе се исплачеш никој да не те види, децата да не те видат. Длабоко вдишуваш и излегуваш на улица со крената глава, каде што те чекаат многу изненадувања, претежно непријатни. Кога човек би знаел дека ќе падне, би легнал – рече Сузана.

– Имам две деца, тие беа деца тогаш. Фала му на Бога што сите останавме нормални и што преживеавме сè. Дека беше лесно – не беше, дека беше одвратно – одвратно беш. Никогаш нема да знам кој ми работеше зад грб тогаш. Сите потиснуваме лоши спомени. Сега да откријам кој го стори тоа – не знам што би значело тоа за мене. Дали да го убијам, да го претепам, да го плукнам, или едноставно да се свртам и да си одам… – рече Сузана Манчиќ.

„Бев најплатена во историјата на српското издание на Плејбој“

Како што истакна, била добро платена за да позира за Плејбој, за кој се сликаше кога имаше 48 години.

– Околината ме осудуваше, но моите пријатели и членовите на семејството ми кажаа дека тоа е исклучителен едиторијал. И не бев целосно гола – имаше многу цвеќиња. Веќе не би се фотографирала за некое такво списание. Не ми е дозволено да ви кажам колку пари заработив од тие фотографии, бидејќи сум должна да ги чувам тие информации во тајност. Можам само да кажам дека бев најмногу платена во историјата на српското издание на Плејбој – рече Сузана.

Сузана откри дека нејзиниот тогашен сопруг не разговарал со неа затоа што таа се фотографирала за Плејбој.

– Скандалот е ужасен. Мојот сопруг не разговараше со мене пет дена. Тој веќе ми кажа претходно, кога разговаравме за тоа, дека ќе се разведе. Бевме на одмор кога изданието излезе и ѝ се јавив на мајка ми да ја испрати братучетка ми да го купи. Мајка ми беше шокирана затоа што никому не кажав за тоа. Потоа ми се јави и ми рече: „Се гордеам на тебе“. Нејзината поддршка отсекогаш ми била најважна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @estradni.arhiv

Слични објави

(Видео) „Ти благодарам брату по Христа“ — Никола Роквиќ му оддаде почит на Тоше Проески во Крушево

К.С.

Ѓина Џиновиќ го покажа својот нов дом: вилата во Сењак ја замени со стан во Шпанија

Еспресо

„Мислев дека е обичен плускавец, а завршив на операција и ми ампутираа два прста“: Игор Филевски – Филе ја раскажа здравствената драма низ која поминал

Еспресо

(Фото) Нина Сеничар ги воодушеви сите на свеченоста во Лос Анџелес: Српската убавица се појави со сопругот, холивудската ѕвезда Џеј Елис

apostolova

Лила Филиповска: Немам кому да се докажувам, мојот мир ми е поважен од туѓото мислење

Еспресо

(Фото) Српската водителка доби подарок од 19.000 евра: Новото момче го крие од јавноста, а сега со објавата крена прашина 

Еспресо
Се вчитува....