6.8 C
Скопје
16:14 - 24 ноември, 2024

Стекна светска слава, го допре дното, а денес Еминем слави јубилеј: „Моето дно требаше да биде смртта“

Американскиот рап музичар, продуцент и актер, повеќекратен добитник на Греми наградата, Маршал Брус Матерс III попознат како Еминем го прослави својот 50-ти роденден. Со продадени повеќе од 80 милиони албуми низ целиот свет е меѓу најуспешните хип-хоп ѕвезди на сите времиња.

Светска популарност стекна во 1999 година, со објавувањето на „The Slim Shady LP“. По успехот на неговите албуми, тој основа своја издавачка куќа, „Shady Records“, со помош на која се прославија бројни рапери, вклучувајќи го и 50 Cent.

За кратко време, Еминем доби голема слава и стана еден од ретките мега-познати белци на рап сцената, но во еден момент тоа се чини „го удри во главата“. Дневно земал по триесет Викодин, еднаш смртта ја погледнал во очи, но му помогнал музичарот Елтон Џон.

„Славата ме погоди како цигла“, во една прилика истакна Еминем, кој бил редовен гостин на најлудите журки, консумирал алкохол и најразлични дроги, со себе носел наполнето оружје, влегувал во расправии и неколку пати завршил на суд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marshall Mathers (@eminem)

Неговата борба започнала во 2000 година додека работел на продукција на филмот „8 Miles“. Сфатил дека има проблеми со несоница бидејќи работел по 16 часа дневно. Еден пријател му кажал за Амбиен, лек кој им помага на луѓето да заспијат побрзо. Но, тој за брзо се „навлекол“ и на тоа.

„Имаше денови кога лежев во кревет, голтав апчиња и плачев. Ми требаа апчиња во телото за да се чувствувам нормално, но мојата состојба само се влошуваше. Тоа беше маѓепсан круг“, откри Еминем.

Во критичната 2007 година, се предозирал. Лекарите му рекле дека внел еквивалент на четири кесички хероин и, ако дошол два часа подоцна, ќе умрел.

„Да дојдев во болницата два часа подоцна, ќе бев мртов. Моите органи, црниот дроб, бубрезите… Ме ставија на дијализа и не мислеа дека ќе преживеам. Моето дно требаше да биде смртта“, изјави тој за „New York Times“ во 2010 година.

Но, ниту тоа не го вразумило. Имал повеќе моменти на криза пред да побара помош од Елтон Џон кој му помогнал да престане да консумира наркотици.

„Елтон Џон му беше совршен ментор. Неделно му кажуваше како напредува и тие станаа многу блиски“, пишува во биографијата на Еминем.

По борбата со зависноста, почнал опсесивно да губи килограми. Почнал да трча по 27 километри секој ден, опсесивно ги броел внесените калории и на крај стигнал до 67 килограми. Се префрлил од една зависност на друга.

„Бев како хрчак, трчав, додека не се повредив. Дури тогаш почнав да бидам внимателен и станав умерен во вежбањето“, изјави Еминем во една прилика.

Во 2018 година, се случи една од најбизарните расправии на познатата сцена. Таа година, Еминем одеднаш и без претходна најава го објави албумот „Камиказе“ со кој навреди многу рапери.

Еминем го навредил Машин Ган Кели во песната затоа што на „Твитер“ во 2012 година напишал дека ќерката на Еминем, Хејли Џејд Скот е „е*ено згодна“. Тогаш имала само 17 години и на Еминем му пречело тоа. По песната и првата реакција на Кели со песната „Rap Devil“, Еминем повторно одговори со одвлекувањето на вниманието со песната „Killshot“. Го навредил младиот рапер и го нарече фејкер, а потоа се потсмеваше и со неговата фризура.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marshall Mathers (@eminem)

Две години по оваа голема расправија, Еминем позитивно ја шокираше јавноста.

Ссподели многу емотивна објава со своите следбеници на социјалните мрежи. Објави фотографија од „чипот на трезвеност“ и се пофали дека е чист веќе 12 години.

„Чисти 12 години. Не се плашам“, напиша пејачот во описот на фотографијата што ја сподели на својот инстаграм-профил.

За зависноста во една прилика откри дека знаел да испие и до 30 лекови против болки и 40 до 60 лекови за смирување во еден ден.

„Не знам во кој точно момент тоа стана проблем. Само се сеќавам дека ми се допаѓаше се повеќе и повеќе“, рече тој во документарниот филм „How Yo Make Money Selling Drugs“.

Благодарноста за неговиот, сега, „чист“ живот им ја припишува на своите ќерки Хејли Џејд Скот, Алаини Матерс и Витни Матерс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marshall Mathers (@eminem)

Слични објави

„Родена сум со 4 помалку…“: Марија Шерифовиќ откри кој недостаток ѝ бил дијагностициран како бебе

Еспресо

Тања Савиќ доби изненадување од Муки по концертот во Белград: Пејачката веднаш се „фрли“ во прегратка на 11 години помладиот дечко

Еспресо

(Видео) 30 години од „К-15“: Миле Паника, Тошо Малерот и Цацко Конопишки славеа во кафеана и еве што порачаа…

Еспресо

Душко Тошиќ има нова девојка: Откриени сите детали за нивната врска и каде парот тајно се гледа

Еспресо

Хороскоп за 24 ноември: На Овните им пристигнуваат пари, Раковите се на емотивна клацкалка

Еспресо

Познатата српска пејачка се пофали со богатството: Син ми на 5 години има стан во Дубаи, а мојот во Србија вреди 300.000 евра

Еспресо
Се вчитува....