01:59 - 3 април, 2026

Стани писател или стани сликар во нашата волшебна куќа „Мерлин“

Во ЛАБОРАТОРИИТЕ за пишување и сликање откриј ги тајните на игрите со зборови и цртежи, на летањето со имагинацијата, на создавањето приказни и слики користејќи ги сопствените креативни вештини.
Разбуди го ВОЛШЕБНИКОТ во себе, развиј го креативното размислување во писмена или во визуелна форма, пишувај за да пораснеш во волшебник на зборот и вешт раскажувач, или сликај за да го откриеш целиот волшебен внатрешен свет во сите бои и нијанси.

Стани ПИСАТЕЛ или СЛИКАР од задоволство, а не поради оценки.

Кој ќе го држи магичното стапче?

Лабораторија за пишување: Волшебник Александар Прокопиев, писател.
Лабораторија за сликање: Волшебница Маја Стефановска, сликарка.

Кој може да учествува?

Работилницата е наменета за деца на возраст меѓу 7 и 16 години, селектирани во две групи (Лабораторија за ПИСАТЕЛИ и Лабораторија за СЛИКАРИ), а идните волшебници ќе бидат групирани според возраста.

Колку и каде магија?

Месечната работилница за пишување и за сликање вклучува 8 ЧАСОВИ креативна магија.

Секој час трае по 60 минути.

Каде да го пријавите вашиот писател/сликар?

Повикот е отворен до 20 септември.

Пишете ни на [email protected] или
јавете се на телефонот 078/390 059

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....