13:54 - 3 април, 2026

Српската водителка бегала од пожарите во Лос Анџелес: Ветерот го разнесуваше огнот, ги зедов само најпотребните работи! 

Поранешната српска водителка Сандра Драшковиќ, попозната како Сани Армани, во моментот се наоѓа во Лос Анџелес и била принудена да се евакуира на безбедно поради пожарот што неодамна избувна на Холивуд Хилс.

Пожарот што избувна е шести по ред со кој пожарникарите френетично се борат, но за жал, изгледите агонијата наскоро да заврши не се добри.

Кога избувнал пожарот на Холивуд Хилс, Сандра била принудена да се евакуира и отишла да престојува кај роднините од страната на нејзината мајка кои живеат во област која во моментот не е загрозена.

– Заради безбедност се преселив во куќата на моите роднини. Пожарот не избувна во мојата област, јас сум во подножјето на ридот каде гори пожарот – објаснила Сандра.

– Имаше чад насекаде и паѓаше пепел, кој ветерот од Холивуд Хилс го разнесуваше до мојата населба – додала таа.

Сандра рекла дека уште еден пожар избувнал во Студио Сити и дека пожарот што беснее низ Холивуд Хилс се заканува да ја загрози познатата „улица на ѕвездите“. Откажани се телевизиските серии кои се снимаа во Лос Анџелес, како познатите: „Вовед во анатомија“, „Костуми“. Номинациите за Оскар се одложени за 19 јануари.

– Училиштата се затворени. Во мојата област, загаденоста на воздухот моментално е 210 – објаснила Сандра, која веќе осум години живее и успешно се занимава со бизнис во Лос Анџелес.

Таа вели дека побегнала од шумските пожари во Холивуд Хилс и ги земала само неопходните работи.

– Голем проблем беше воздухот, не можеше да се дише, а ветерот уште повеќе го разнесуваше наоколу. Плус, ветерот влијаеше огнот толку брзо да се прошири. Заминав и ги земав само најпотребните работи – рекла Сандра.

Слични објави

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо
Се вчитува....