22:50 - 8 април, 2026

Совршен подарок за платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета! ТОРТА ВО ФОРМА НА КОРГИ

Британски синџир супермаркети ќе лансира посебен производ, во чест на платинестиот јубилеј (70 години на тронот) на кралицата Елизабета: торта во облик на кучињата кои ѝ се толку драги на кралицата.

Совршен десерт за улични забави (забавите организирани на улица кои од 2 до 5 јуни ќе се одржи низ цела Британија): торта во облик на корги кои супермаркетите UK Morrisons ќе ја лансираат на 21 мај, токму на време за почетокот на прославите за 70-годишнината од рекордниот престол на Елизабета Втора.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dogstival (@dogstival)

Коргите, неоспорната љубов на кралицата Елизабета

Креаторите на слаткиот формат корги се инспирирале од легендарната страст на кралицата за оваа раса на кучиња, родена кога за нејзиниот 18-ти роденден ја доби легендарната Сузан како подарок од нејзиниот татко Џорџ Шести. И Џорџ Шести ја имаше оваа страст кон оваа раса на кучиња и од нив чуваше повеќе во текот на целиот живот.

За да ѝ дадат име на тортата, од компанијата се обратија на Фејсбук, каде што организираа  натпревар што го привлече интересот на илјадници луѓе со предлози и коментари. На крајот, едно име беше избрано: Кларенс Корги, во почит на кралската резиденција на Кларенс Хаус, која се наоѓа веднаш до Бакингемската палата.

Десертот во облик на корги се заснова на веќе многу популарен рецепт кој инспирирал други слатки во облик на животно, вклучувајќи и гасеница и прасенце. Станува збор за швајцарски ролат потопен во млечно чоколадо. Тортата ќе чини 6 фунти (нешто повеќе од 7 евра) и може да се послужат од неа 12 луѓе.

Слични објави

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во луксузниот пентхаус на Саша Ковачевиќ од половина милион евра: Има кралска бања, Ѓоковиќ му е сосед

Еспресо

Луна Ѓогани откри зошто не ги поканила Весна и Ѓоле на роденден: „Ова е вистинската причина“

Еспресо
Се вчитува....