11:47 - 25 февруари, 2026

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Празнувајте безбедно

Бидете одговорни, празнувајте безбедно. Доколку сепак се појави потреба од лекарска грижа, ургентниот центар на Клиника „Жан Митрев“ работи секој ден без исклучок 24/7

Славењето на новогодишните и на божиќните празници се чека со нетрпение и голема еуфорија. Понесени од атмосферата, многу често, особено децата и адолесцентите, при славењето користат пиротехнички материјали.

Употребата на пиротехнички материјали од запалив тип како петарди и огномети може да доведе до сериозни негативни здравствени последици. Можеби огнометите се атрактивни за гледање, но тие можат да бидат смртоносни кога се погрешно ракувани или злоупотребени, а се воедно и штетни за животната средина.

И покрај сите обиди да се крене свеста кај граѓаните, повредите поврзани со употребата на пиротехнички материјали остануваат да бидат чести претворајќи многу прослави и весели моменти во непосакувана хоспитализација поради настанатите повреди и во најлош случај траен инвалидитет, па дури и несакан смртен исход.

Деловите од телото што најчесто се повредуваат со употребата на пиротехнички материјали се рацете и прстите. Но, неретко страдаат и главата, лицето, ушите и очите.

Изгорениците се најчестиот тип повреда, но секако не се исклучени и други повреди од експлозијата што настанува при употреба на овие пиротехнички материјали.

Светлите бои во огнометот се создадени од прашкасти метални соли што производителите на пиротехнички средства ги додаваат на експлозивните огнометни школки. Бакарот произведува сина боја, бариумот дава зелена, а стронциумот ја создава црвената боја. Магнезиумот во прав обезбедува интензивно светли блесоци на бело – всушност, магнезиумот гори толку силно, што се користи и во воени светлечки блесоци.

А многу често во нив се наоѓа олово и други забранети хемиски супстанции. Чадот од употребата на пиротехнички материјали придонесува за загадувањето на воздухот. Азотот и сулфурот, кои се користат за создавање боја и специјални ефекти, можат да стапат во интеракција со кислородот и да формираат азотни и сулфурни киселини кои се многу тешки за белите дробови.

Затоа бидете одговорни, празнувајте безбедно вие и вашите најблиски. Доколку сепак се појави потреба од лекарска грижа, ургентниот центар на Клиника „Жан Митрев“ работи секој ден без исклучок 24/7. Јавете се на телефонот 02/3091-484

Комерцијален текст.

Слични објави

(Фото) Синот на Ѓорѓе Балашевиќ, Алекса чека син: „За нејколку месеци ќе му го предадам мантатот на наследникот“

apostolova

(Фото) Скапи брендови на сите страни: Катарина Живковиќ се пофали со дел од плакарот во својот луксузен дом

Еспресо

(Видео) Тиктокер го провоцирал Драган Бјелогрлиќ во белградско кафуле, актерот му го оттурнал мобилниот

Еспресо

Хороскоп за 25 февруари: Раковите добиваат емотивна јасност, Водолиите прават чекор што носи олеснување

Еспресо

„Јас сум скапа жена, спонзоруша“: Ќерката на Дино Дворник си ја отвори душата

Еспресо

Гоца Тржан за поранешниот сопруг: „Многу се коцкаше, од бракот излегов гола како гасеница“

Еспресо
Се вчитува....