7.8 C
Скопје
23:45 - 30 март, 2026

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Кератоконус – оштетување на рожницата

Во почетната фаза на кератоконус се појавува миопен астигматизам, но со текот на времето диоптријата сè повеќе се зголемува, по што пациентите имаат намалување на видот, кое не може успешно да се коригира со очила.

Кератоконусот спаѓа во групата на пореметувања на рожницата (корнеата) што се карактеризира со нејзино истенчување и испакнување. Всушност, станува збор за состојба при која рожницата во централната зона станува позакривена во однос на периферијата. Како сликовит пример може да послужи споредбата дека нормалното око има форма на пинг-понг топче, а при кератоконус, формата на окото личи на лажица. Кератоконусот како заболување се појавува на возраст од 6 до 40 години. Најчесто тоа може да се случи во пубертетот. Заболувањето е прогресивно, секогаш ги зафаќа двете очи, но обично почнува поизразено на едното око. Почесто се јавува кај машкиот пол. Во почетната фаза на кератоконус сè појавува миопен астигматизам, но со текот на времето диоптријата сè повеќе се зголемува, по што пациентите имаат намалување на видот, кое не може успешно да се коригира со очила.


Третман

Во раните фази на лекување на кератоконусот, очилата или меките леќи, можат да бидат доволни за корекција на благиот астигматизам. Но, тие не се доволни за корекција на видот и најчесто во овие случаи на пациентите им се препишуваат тврди леќи. Овие леќи овозможуваат добра корекција на видот, но не го запираат понатамошното напредување на болеста.

Порано при напредните фази на кератоконусот се вршела хируршка интервенција (радијална кератотомија) што веќе ретко се употребува. При оваа метода во локална анестезија се прават неколку радијали засеци на рожницата со кои се намалува нејзината испакнатост. Основаните маркери за овие засеци се меридијаните добиени од корнеалната топографија.

Во случаи каде што има прогресија, се користи методата Cross-linking со која се зацврстува централниот дел на корнеата.

Кај најтешките случаи кај кои веќе има оштетување и заматување на централниот дел на корнеата, единствена метода е кератопластика (трансплатација на корнеа од донор). Од 10 до 25 отсто од пациентите со дијагностициран кератоконус напредуваат во стадиумот во кој корекцијата на видот веќе не е можна и каде што истенчувањето на рожницата станува премногу големо, во тој случај трансплантацијата на рожница е неопходна.

За правилна и навремена дијагностика и понатамошни чекори, тимот офталмолози на Клиника „Жан Митрев“ ви стои на располагање. Закажете преглед на: 02/3091-484

Центарот за офталмологија при Клиника „Жан Митрев“ во соработка со Промедика офталмологија во декември овозможува -50% на специјалистички офталмолошки преглед, кој опфаќа мерење на рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок и преглед на преден/заден сегмент на око. Превенцијата за вашите очи е добредојдена, особено во зима.

Комерцијален текст.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....