23:07 - 5 април, 2026

Славната актерка која исчезна на 30 октомври е пронајдена, полицијата откри детали за нејзината состојба

Актерката Шанел Маја Бенкс, чие мистериозно исчезнување пред две недели го пријавило нејзиното семејство, денеска е пронајдена и е безбедна. Полицијата трагаше по 36-годишната актерка, позната по улогите во ТВ сериите „Озборувачка“ и „Сина крв“, откако нејзиното семејство пријавило дека се немаат слушнато со неа од 30 октомври, пишуваат странските медиуми.

Нејзината роднина Данијела-Тори Синг, која долетала од Торонто за да помогне во потрагата по неа, откри дека тие две се многу блиски, дека редовно се слушаат и дека семејството останало многу загрижено бидејќи никој не разговарал со неа подолго време.

Сепак, вчера конечно пристигнаа добри вести, откако полицијата во Лос Анџелес објави дека Бенкс е пронајдена и е безбедна.

Полицијата од Лос Анџелес даде официјално соопштение дека ја пронашле Шанел.

„Добра е. Не е во опасност. Во ред е. Повеќе не се води како исчезната личност и ја затворивме истрагата“, изјави вчера (13.11) портпарол на полицијата.

Како што е соопштено, во овој случај немало кривично дело, така што никој не е осомничен или обвинет за нејзиното исчезнување. И како што е објавено, случајот сега се смета за затворен.

Инаку, Бенкс живее со сопругот, а кога било забележано дека со денови не се јавила на никого, полицијата открила дека нејзините работи, вклучувајќи го и автомобилот и кучето, сè уште се на имотот. Сепак, не успеале да ги лоцираат нејзиниот лаптоп и телефон. Нејзината братучетка откри дека дури и залепила флаери во соседството на актерката за да моли за помош, но изјавила и дека сопругот на актерката не покажал подготвеност да помогне.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....